filtri

(Видео) ИСТРАЖУВАМЕ: Каде завршува реализацијата на нашите проекти

Врз основа почетокот на нашите истражувања кои ги започнавме, а се донесуваат  на проектите кои се од неопходна важност за жителите на населбите Подгорци,Лабуништа, Октиси и Боровец, овој пат како што и претходно напоменавме, во нашето прво истражување поврзано со изградбата на пречистителната станица (емшеров бунар) на населба Подгорци накратко ќе ја анализираме и потребата од реализација  односно поставување на трет филтер за физичко пречистување на водата, од системот за водоснабдување на анселба Подгорци.

ОПИС:

Системот за водоснабдување на населба Подгорци се состои од:

  1. Зафатен дел на Подгоречко езеро – Брана
  2. Комори-разделни шахти
  3. Цевовод
  4.  2 (два) Филтри за физичко пречистување на водата
  5. Резервор за вода (500 м2)

Она што моментално е неопходно за целосно завршување на овој систем за водоснабдување на оваа населба односно заокружување на овој инфраструктурен објект е:

  1. Поставување на трет филтер за физичко пречистување на водата
  2. Доизградба на зафатниот дел на Подгоречко езеро – Брана

И за овој инфраструктурен објект, според информациите од Месната Самоуправа-Подгорци, изработене е соодветен проект и пресметка на целокупниот износ за поставување на трет филтер преку кого порационално би се искористувал протокот на вода кој доаѓа од Подгоречкото езеро, и намали притисокот на другите два филтри кои веќе години наназад функционираат.

За поставувањето на третиот филтер, изработена е темелна основа каде што треба да биде поставен истиот и од каде што треба да биде ставен во функција.

Имајќи ја во предвид непходноста од овој составен ден од системот за водоснабдување, според информациите доставени до нашата редакција, во повеќе наврати меѓу останатите проекти, и овој за поставување на трет филтер во два наврати му бил доставен (даден) на поранешниот премиер на Македонија г-динот Никола Груевски, при посета на населба Подгорци, меѓутоа за жал досега, односно во периодот на неговата влада, не е добиен никаков потврден одговор за реализација на било кој од поднесените проекти.

Меѓутоа, со промената на власта во Македонија и доаѓањето на СДСМ, предводена од премиерот на Македонија г-динот Зоран Заев, кој при посета на Подгорци, директно беше запознат со сите непходни инфраструктурни  објекти на ова населба на пратеникот г-дин Јован Митрески како два најприоритетни проекти ( изграба на пречистителна станица) му беше доставен и проектот за поставување трет филтер од системот за водоснабдување на населба Подгорци.

Имајќи го во предвид донесувањето на буџетот на Македонија за 2018 година, на 7.12.2017 побаравме кратка информација од г-динот Митрески како стојат работите во врска поднесените проекти, дали ќе има реализација на било кој од нив, или пак ќе се обезбедуваат средства од други институции, го добивме следниот одговор ( фејсбук изјава) :

Двата проекти кои ми ги поднесовте ( изграба на пречистителна станица, и поставување на трет филтер) , се на ревидирање бидејќи  цените од тогаш не важат денес. Се очекува со ревидирање да заврши отприлика за две недели. Потоа преку општина Струга ќе се достави до Министерството за животна средина и може да се реализира во 2018 година, бидејќи средства во буџетот се обезбедени. – накратко ни изјави г-динот Митревски преку фејсбук статус.

Бидејќи од 7.декември 2017 година веќе поиминаа месец и пол, досега не сме добиле никакво известување за понатамошните активности, односно дали завршило ревидирањето на двата проекти, дали се поднесени во Општина Струга и соодветното Министерство, иако во кратката изјава стоеше дека ваквите информации ќе бидат дадени на средба со граѓаните на населба Подгорци, која беше ветена за месец декември 2017 година, и за жал од досега необјаснети причини истата не се реализира..

Нашата понатамошна активност во истражувањето ќе ја продолжиме до Општина Струга, од каде ќе побараме информација за тоа дали проектите доколку се ревидирани се доставен кај нив и доколку се, тогаш дали се  пропратен до надлежно Министертсво во Македонија.

Очекуваме, Во што поскоро време, покрај нашите пратеници, малку повеќе да се заангажираат и советниците во Општина Струга, а кои ја добиле довербата од овие жители (Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец) да започнат со совоите обврски за што и ја добија довербата од граѓаните, а не да чекаат одредени невладини организации, еколошки друштва и интернет портали да започнат со изнесување на проблемите на овие населби, во кои всушност живеат и едните и другите (пратеници, советници), а веќе се одамна запознати со нив.

Во продолжение Ви презентираме едно кратко видео од дел од функцинирањето на системот за водоснабдување на анселба Подгорци, во кое ги имаме опфатено неколкуте елементи:

  1. Резервоар,
  2. Филтри,
  3. Комори (разделни шахти).

Видеото е забележано во 2004 година, и од тогаш за разлика од одредени претпријатија во Општина Струга кои примаат буџетски пари, и своето функционирање го имаат сведено само на заостанати плати, забрана за вода за пиење и други не соодветни резултати, системот во населба Подгорци, работи беспрекорно, и слободно може да се каже дека е еден, а можеби и најдобар во Општина Струга, кој досега работи без било какви недостатоци, за разлика од некои други и кој лично се финансира од жителите на населба Подгорци, и токму заради тоа се посочува и на реализацијата на овој проект, со што би се заокружил овој инфраструктурен објекти

На крај, за да не бидеме сватени погрешно дека сите овие наши тврдења и понатамошни активности и информации ги насочуваме кон одредени поединци, уште еднаш напоменуваме дека со ваквите наши понатамошни активности сакаме да укажеме и ќе укажуваме на потребите на овие населби, односно  каде застанала нивната реализација, што недостасува и слично, а за жал како по обичај веднаш се забораваат после завршувањето на избори, било да се парламентарни, локални.

А, ние во наредните денови, продолжуваме со истражување на и останатите поднесени проекти, а се разбира и информациите кои ќе ги добиеме во текот на нивното истражување..

Исто така, ги покануваме и сите други невладини здруженија во околниве населби да ни се придружат во ова наше истражување-анализа на проблемите на овие населби, кои за жал не се решаваат со години наназад, односно само се натрупуваат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 7 = fourteen