APLIKACIJA

Апликација за движење покажува мапи на воени бази

Апликација со мапа којашто го прикажува патот по кој се движат корисниците на апликацијата за следење на физичко вежбање открила потенцијално чувствителни информации за американскиот и сојузничкиот воен персонал во воените зони, како Ирак и Сирија, објавија американските медиуми.

Мапата покажува патеки кои изгледаат како рути по кои се движат војниците кога се надвор од своите бази, а таквите информации може да се користат при планирањето на напади и поставувањето заседи.

Апликацијата е дело на Strava Labs.

Мапата  на Ирак претежно е во темнина, што покажува дека Strava таму малку се користи, со ретки исклучоци.

На северот и западот од Ирак се појавуваат и помали локации што укажува на помали и помалку познати воени постројки. Означени се и делници од патишта, што значи дека корисниците ги држат постојано отворени апликациите и додека патуваат потенцијално откривајќи детали за вообичаените рути на движење.

Во Авганистан интензивна активност се забележува во областа на воздухопловната база Баграм, северно од главниот град Кабул.

„Базите се на едно место и тешко може да се сокријат, па најголема потенцијална закана доаѓа од следењето на движењето“, анализираат експерти.

Американското министерство за одбрана објави дека ќе ја преиспита апликацијата.

„Објавените податоци покажуваат дека е потребно да се има свесност за ситуацијата кога припадниците на воените сили ги споделуваат личните информации“, вели за агенцијата AFP полковничката Одрисиа Харис, портпаролка на Пентагон.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 6