1

Франција: Приврзаници на терористичката ПЈД/ПКК нападнале џамија во Бордо

Членовите на терористичката организација ПЈД / ПКК минатата ноќ ја нападнаа џамијата која му припаѓа на движењето Исламската заедница Мили Горус (ИГМГ) во Бордо, Франција.

Претседателот на здружението на џамијата Емре Дурмус за АА изјавил дека пораките и врските со терористичката организација ПЈД / ПКК биле истакнати на ѕидовите на овој верски објект, објави агенцијата Анадолу.

Дурмус изјавил дека утрината забележале дека џамијата била цел на нападот.

- На зидовите било напишано ПКК, ЈПГ, како и заканувачката порака која гласела: “Ќе дојдеме повторно”, изјавил Дурмус.

Тој додал дека е покренат правен процес и го осуди нападот врз џамијата.

- Нашата држава и влада го прават потребното. Ние како турска заедница која живее во Европа треба да бидеме со здрав разум. Единствено што можеме да направиме е да не наседнуваме на провокации и во склад со здравиот разум да донесеме мир и благосостојба на заедницата, рекол тој.

Тој потсети дека поддржувачите на оваа терористичка организација пред две години извршиле слични напади и врз друга џамија во Бордо.

Приврзаниците на ПЈД / ПКК и порано извршиле слични напади и во џамиите во Германија и Холандија.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 + seven =

%d bloggers like this: