lavrov

(Видео) Свирежи го прекинале говорот на Лавров на конференцијата за Сирија

Мировната конференција посветена на Сирија што се одржува во рускиот Сочи на самиот почеток наиде на големи проблеми, откако некои делегати спротивставени на сирискиот претседател Башар ал Асад одбија да го напуштат аеродромот, објави Ројтерс. Потот и некои учесници, започнале да му свират на рускиот шеф на дипломатијата на отворањето на конференцијата.

Русија, главниот сојузник на сирискиот режим, организира конференција на која ги повика западните сили, Иран и Русија и спротивставените страни во Сирија. Но, поголемиот дел од сириската опозиција го отфрли повикот, а Франција исто така објави утрово дека нема да учествуваат на конференцијата.

Западните сили го поддржуваат мировниот процес предводен од ОН, ама досега тоа беше неуспешно.

Конференцијата беше отворена од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, каде ја прочита пораката на претседателот Владимир Путин. Но, некои делегати станаа и извикуваа обвинувајќи ја Москва за убиство на цивили во воздушни напади. Сè беше пренесено од руската државна телевизија, вклучувајќи го и моментот кога обезбедувањето му се обраќаа на човекот и му рекоа да седне. Тогаш други делегати станаа и ја скандираа Русија, но Лавров ги покани сите да му дозволат да го заврши говорот.

Група учесници од сириската опозиција, кои пристигнаа од Турција, одбија да го напуштат аеродромот додека не се отстранат сириските знамиња и грбови.

- Ние претходно рековме дека нема да учествуваме додека не се отстрани сé што претставува сириската влада, изјавиле тие.

Повеќе од 70 од нив останаа на аеродромот и чекаат да се вратат во Турција, а почетокот на конференцијата бил одложен заради тоа.

Извор:Vijesti




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + three =

%d bloggers like this: