nutela

Француските власти најавуваат : Истрага заради намалените цени на Нутела

Француските власти започнаа истрага за специјални намалувања што доведоа до хаотични сцени, додека купувачите се грабеле за тегли на чоколадниот прелив  Нутела.

Дирекцијата за заштита на потрошувачите и конкуренцијата на Министерството за економија во вторникот потврди дека ќе се испита дали специјалните понуди на малопродажниот ланец Intermarche се во согласност со прописите.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како купувачите се грабат околу чоколадниот прелив, кој бил на намалување по цена од 1,41 евра, наместо од 4,70 евра по тeгло.

Купувачите “насрнувале едни на други како животни”, изјавил сведок за  регионалниот весник Ле Прогрес.

Една работничкка во продавница за еден локален весник изјавила дека љубителите на чоколада ги фрлала теглите во далечни делови од супермаркет ноќта пред да објават промотивна цена како би ги осуетиле другите муштерии да дојдат до намалената цена на Нутелa.

Контроверзноста го наведила произведувачот на Нутела, италијанската фирма Фереро, да ја осуди понудата како еднострана иницијатива на Intermarche..

Инциденти уследиле во време кога францускиот министер за земјоделство, Стефан Траверт, требаше изминатата  среда да презентира предлог-закон со кој ќе се воведат ограничувања за ваквите понуди, објави ДПА.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + six =