avtobusnesreka

(Видео) Несреќа кај Карловац: Се преврте автобус полн со деца

Во превртување на патнички автобус во Карловац, повеќе особи се повредени.

Според првичните информации од полициската управа во Карловац, несреќата се случила околу 13.30 часот. Во улицата Речичка, во блага кривина, се превртел автобусот на локалниот превозник “Автотранспорт”.

Причината е најверојатно снегот на патот, со оглед на тоа што снегот во Карловац веќе ги покрил патиштата, и има најмалку десетина сантиметри. Сообраќајот веднаш бил прекинат од тој дел од патот, а сите служби за итна помош излегле на терен. На местото на несреќата пристигнале и пожарникари кои ги извлекувале патниците од уништениот автобус.

Според првите информации, најмалку шест патници биле повредени. Истите биле пренесени во болница каде што им била обезбедена итна помош, објавија хрватските медиуми.

Радио Мрежница известува дека најмногу во автобусот биле деца кои се враќале од училиште.

Моментално нема информации за сериозноста на повредите. Неофицијално е известено дека во автобусот имало 15 патници, од кои 13 деца, а наводно, сите што побарале медицинска помош биле малку повредени.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = seven