Avigdor

Израелски министер за одбрана му се закани на Либан со копнена инвазија

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави дека Израел е подготвен за целосна инвазија на соседниот Либан во случај на избувнување на вооружен конфликт.

Неговиот коментар доаѓа во време на се полоши односи меѓу Тел Авив и Бејрут, а Израел е особено нервозен поради зголеменото присуство на Иран во Сирија, а тоа де факто значи и во Либан.

“Дури и ако тоа не се случи, ние мораме да бидеме подготвени за копнена офанзива, но ако тоа се случи, Израел ќе ја изврши таа операција во полна сила”, изјавил Либерман, додавајќи дека Израел во случај на конфликт се подготвува за голема и брза операција што со цел да се елиминира противникот за кратко време.

Осврнувајќи се на Втората либанска војна (конфликт со Хезболах), тој рекол: “Нема да се повтори тоа да во случај на војна израелските граѓани во Тел Авив да седат во засолништа во Либанците во Бејрут на плажите – ако избие војна сите ќе бидат во засолништа”.

Извор:Advance

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 3