balkan-750x478

ФТ: ЕУ до 2025 година има намера да се прошири со уште 6 балкански држави

Британскиот The Financial Times пишува дека Европската унија до 2025 година. има намера да овозможи членство за шест балкански држави.

Брисел. се надева пишува ФТ, дека ќе ја обнови соработката, ќе го зајакне надзорот над миграцијата и ќе се спротивстави на зајакнувањето на влијанието на Русија на Балканот. Без оглед на спротивставувањето на индивидуалните европски држави за понатамошното проширување на ЕУ, Брисел смета дека планот за непосреден влез на балканските држави е исклучително важен за нивната интеграција во европската заедница, пишува ФТ. Се работи за: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, но и Косово.

Исто така, се наведува дека времето за вклучување на овие земји во ЕУ е ориентациско и дека тоа може да се промени.

Во исто време, Европската комисија има намера да ги повика овие држави да ги решат постоечките конфликти и да се борат против корупцијата, како и да ги истакнат проблемите што се решаваат во последните 10 години со другите членки на ЕУ. Притоа, се смета дека Србија и Црна Гора, кои веќе водат преговори за членство во ЕУ, ги прави најверојатни кандидати за побрз влез во ЕУ.

На овој начин, се сака реализација на ветувањето на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, за проширувањето на Европската унија по иизлегувањето на Велика Британија. Во март, Јункер ќе ги посети балканските држави, чие членство во ЕУ ќе се дискутира на самитот во мај во Софија, според ФТ.

Извор:Geopolitika




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one − = 0

%d bloggers like this: