Italija

ИТАЛИЈА: Во пукотница повредени најмалку 4 луѓе

Италијанската полиција денес објави дека во градот Мацерата, од автомобил во движење пукано е на луѓе по што локалните власти ги предупредиле граѓаните да не излегуваат на улиците. Најмалку четири лица се повредени.

Италијанските медиуми објавија дека две лица биле забележани во автомобилот. Градоначалникот на Мацерате ги повика граѓаните да останат во затворени простории додека осомничените се на слобода. Новинската агенција АНСА објави дека четири особи се повредени, додека други медиумски извори пренесоа податоци за двајца повредени.

Наведено е дека пукањето се случило околу 11 часа по локално време и дека учениците останале во училиштата кои работеле во саботата, додека јавниот превоз бил прекинат.

Пукотницата се слушнала во делови од Via Spalato и Via dei Velina, кои се клучни во истрага за убиството на 18-годишна девојка чие тело беше пронајдено минатата среда.

Заради убиството  уапсен е нигериец. Локалните медиуми ги поврзуваат овие два настани.

Извор:(Vijesti/ AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − two =

%d bloggers like this: