grcija protesti

DW: Свежо сеќавање на Југославија, Грција е следна

Во Атина, за утре се планирани демонстрации против компромисот околу името Македонија, а “Дојче Веле” пренесува дека еден од најавените говорници на протестот, композиторот Микис Теодоракис (92), икона на грчката левица, порачал дека е “свежо сеќавањето на Југославија” , и дека Грција ќе биде “следната жртва”.

ДВ наведува дека Теодоракис во последно време е на мета на критики заради изјави кои се отценети дека се антисемитски, а коментаторите во Грција се чудат и од неговото учество на “патриотскиот” митинг.

“Свежо е сеќавањето на Југославија, нашата земја ќе биде следната жртва”, изјавил Теодоракис во однос прашањето за Македонија.

ДВ наведува дека ова се демонстрации против компромис околу името Македонија, продолжување на протестите по ова прашање , како и дека заради името на северниот сосед паѓале влади, а и сега протестот е вентил за акумилирано незадоволство.

Алексис Ципрас

Се потсетува дека на најголемите демонстрации во повоената историја на Грција, повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците на Солун во февруари 1992 година, за да протестираат против компромис во спорот за името со тогашната млада независна Македонија.

Ова предизвика владина криза во Атина, а конзервативниот премиер Константин Мицотакис отпушти тврдолинијашот Андонис Самарас од местото шеф на дипломатијата, ама и самиот тој исто така мораше да се повлече.

Се тврди дека следниот премиер Андреас Папандреу бил уште потврд и дури на Македонија ивоведе трговско ембарго. Со децении, како официјална политика, остана барањето на Грција дека “Република Македонија” не може да се вика така, бидејќи самото име е сигнализира претензија на грчката географска област.

ДВ наведува дека денес , во време на владата на Алексис Ципрас, како да е прифатено дека Македонија има право на назив во кој тој збор се споменува. По обемните преговори под покровителство на ОН, стана јасно дека владата на Атина го прифати евентуалното компромисно име “Горна Македонија”.

Се тврди дека можноста за компромис повторно ги истава незадоволните на улиците и дека утрешните демонстрации доаѓаат по големиот протест во Солун кон крајот на јануари. Како организатор се споменува Иницијативата на “Македонски здруженија”, која ја негуваат традицијата на грчка Македонија.

“Тоа е патриотски собир. Името Македонија не доаѓа во обзир”, изјавила Георгија Битаку, претставник на здружението.

Политичарот Левтерис Кусулис за DW изјави дека “некои во оваа земја (Грција) се чуствуваат поврзани со историјата на чуден задоцнет начин”.

“Тие остануваат заробени во минатото и не разбираат дека светот се развива понатаму”, изјавил Кусулис.

ДВ наведува дека  на работ на демонстрациите во јануари се појавиле и претставниците на нацистичката партија “Златна зора”, како и на прашање на репортер организаторката Битаку изјавила дека на демонстрациите се добредојдени сите кои сакаат да ја “бранат“ својата татковина.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + three =