Македонија е длабоко поделена по етничка основа и властите немаат план за надминување на тоа, изјави комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Тој на крајот на неколкудневната посета на Македонија, отценил дека расте поделеноста меѓу  македонските и албанските деца, како и недовербата, стереотипите и предрасудите.

По бројни средби со претставници на невладини тела, владата и парламентот, Муижниекс оценил дека Охридскиот договор во 2001 година го запрел конфликтот (Албанци и Македонци), но не придонел за кохезија во општеството.

“Македонските власти треба да ја спроведат политиката што ја поттикнува интеграцијата и разбирањето меѓу етничките заедници и ја промовира социјалната кохезија, истовремено заштитувајќи ја различноста”, изјавил Муижниекс.

Извор:cdm

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име