turski vojnici

Нова битка во Сирија: Судир на Американска и Турска војска?

Американските војници нема да се повлечат од Манбиџ, стратешки важен град во северна Сирија, изјави за Си-Ен-Ен командантот на Централната команда на САД, генерал Џозеф Вотел.

Оваа телевизиска мрежа вели дека американските војници се изложени на ризик да бидат вклучени во турската воена офанзива во северна Сирија, доколку Анкара се држи до ставот дека ќе продолжи да напредува во таа област. Се тврди дека генералот Вотел изјавил дека повлекувањето на американските сили “не се разгледува”.

Манбиџ е главно жариште во северна Сирија, североисточно од Алепо и околу 40 километри јужно од Џараблус, кој се наоѓа на сириско-турската граница, потврдува Си-Ен-Ен.

Се потсетува дека пред една недела Турција започна со прекугранична копнена операција во Сирија, во обид да ги истера курдските сили поддржани од САД од оваа област и дека оваа турска воена криза влијаеше на растот на тензијата помеѓу Анкара и Вашингтон, која отворено ги вооружува курдските сили во борбата против ИСИЛ.

Се известува дека во спротивставени извештаи за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дополнително ја измешале ситуацијата поврзана со турските амбиции во таа област.

Според Белата куќа, Трамп “побарал од Турција да обрне внимание и да избегне какви било дејства кои би можеле да го носат ризикот од конфликт меѓу турските и американските сили “.

Турските власти веднаш ја отфрлија интерпретацијата на разговорот, тврдејќи дека Ердоган побарал од Трамп да ги повлече американските трупи од Манбиџ.

Одбраната на тој град е во рацете на Воениот совет на Манбиџ, главно составен од локални Арапи, кои соработуваат со Курдските народни сили за самоодбрана, партнер на воената коалиција предводена од САД, која се бори против ИСИЛ во Сирија.

Извор:Танјуг




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ three = 11

%d bloggers like this: