vojska

САД негираат испораки,ама Курдите во Африн имаат современо НАТО оружје

Курдските народни единици за заштита (YPG) отпочнаа голем контранапад во северозападниот дел од регионот на Африн против протурските групи во областа Булбула, град што го загубија претходно оваа недела, во масовна офанзива од страна на турската армија и протурските милиции од северна Сирија. Ама, од каде доаѓа вооружувањето на ЈПГ силите?  Како би се пронашол одговор, новинари на руската агенција Спутник разговараа со турските воени аналитичари.

Портпаролот на Пентагон, Адријан Ранкин-Галовеј, одговарајќи на прашањето на турскиот весник Хуријет за потенцијалниот конфликт меѓу турските и американските сили во Манбиџ и коментирајќи ја ситуацијата во Африн, изјавил: “Курдските вооружени сили кои сега се присутни во Африн не се групите со кои соработуваме во борбата против ИСИЛ. Ние не им обезбедуваме поддршка во оружје и не учествуваме во нивното формирање “.

Говорејќи за “Спутник”, турскиот експерт Јарар Мете тврди дека оружјето кое го поседуваат YPG силите не може да се купи на црниот пазар.

“Можете ли на црниот пазар да ги најдетепротивоколопните ситеми MilanTOW и AT4 ? Очигледно не. Во последниве денови, YPG од време на време објавува слики од оружје со кои во подрачјето на Африн се користи против турските тенкови и армијата.Знаеме дека САД такво оружје на курдските сили во борбата против ИСИЛ претходно не им даваа. Ако оружјето е во областа Африн, а Соединетите Држави изјавуваат дека силите на YPG го користат ова оружје само во областите источно од Еуфрат, тогаш таа изјава не е точно “, изјавил турскиот експерт.

Тој, исто така, истакна дека борците на Курдистанската работничка партија (ПКК) редовно го користеле ова оружје против турските војници во Турција.

“Го најдовме ова оружје не само во областа Африн. Првпат со тоа се користеа во Турција во областа на Чукурка и Шемдинли. Со користење на овие наведувачки проектили, голем број наши воени лица беа убиени и повредени. Подоцна, за време на конфликтот, овие оружја беа запленети од страна на терористите. Во овој момент се знае дека ова оружје доаѓа преку коалициските сили на САД или НАТО “, рече Јарар.

Од друга страна, поранешниот генерал на турската армија Ердоган Каракуш истакна дека многу земји членки на НАТО ја поддржуваат ПКК уште од 1984 година.

“Германците, Французите и Италијанците од 1984 година им помагаат на ПКК за сметка на САД. Во нашиот воен музеј “Харбије” имате изложба посветена на борбата против тероризмот. Во тоа време борците на ПКК не можеа да произведат експлозив, толку многу мини и муниција, а тоа доаѓаше од Германија, Италија, Франција и други земји на НАТО. Некои од нив, по откривањето и неутрализацијата, ги стававме на изложба во музејот”, рекол генералот Каракуш.

Според Каракуш, за време на седумте години од војната во Сирија, оружјето слободно се пренесувало од еден регион во друг.

“Пред тоа, Африн беше во рацете на” Слободната сириска армија “, а потоа под контрола на Партијата за демократски сојуз (ПЈД) и силите на ЈПГ кои го донесоа оружјето што го поседуваа. Додека Турција не ја започна операцијата “штит на Еуфрат“, не било моѓно точно да се следи кој и како минува низ северна Сирија, а да не ги спомнуваме и тековите на оружјето. ПКК / ЈПГ одвреме-навреме соработуваа со ИСИЛ “, додал турскиот генерал.

“На кратко, можеме да кажеме дека испораката и трансферот на оружје во овој регион не е проблем. Пред руското воено присуство во регионот, оружјето било испорачено на курдските сили со авиони кои без препрека слетувале на локалните аеродроми “, заклучи генерал Ердоган Каракуш.

Потсетуваме, Турција од 20.јануари започна да спроведува воена операција во подрачјето на Африн кое е под контрола на курдските сили на ЈПГ, кои Анкара ги смета за поврзани со Курдската работничка партија (ПКК) во Турција, и започнаа конфликт со Анкара со желба да се постигне автономија и еднаквост права за Курдите во земјата.

Турција соопшти дека нема да се бори против Дамаск за време на кампањата, бидејќи има ист став кон сирискиот територијален интегритет. Сепак, Дамаск, сепак, цврсто ја осуди операцијата како кршење на сирискиот суверенитет. Москва, од своја страна, ги повика сите страни во конфликтот на воздржаност и повикува на почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Турската воена кампања во Африн и соседните региони беше покрената откако САД објавија планови за создавање гранични сили од 30.000 припадници во северна Сирија, а борците ќе бидат најмногу регрутирани од курдските сили на ЈПГ кои Анкара ги смета за терористи.

Турција сериозно ја критикуваше одлуката на Вашингтон, а турскиот претседател Ердоган се закани дека ќе ја “уништи оваа терористичка армија”. Само една недела по предупредувањето, Анкара започна офанзива во курдската енклава Африн и водеше кампања под име “Маслиново гранче” за елиминирање на “курдските терористи” во регионот.

Две недели од почетокот на кампањата, со масовната поддршка на турската авијација, артилеријата, тенковските единици и силите за специјални операции, засега сé уште нема постигнато значајни резултати на бојното поле, а курдските сили во западниот дел од областа Африн дури и започнале противофанзива. а дали ќе успеад да се задржат во одредени подрачја и колку, пред се зависи од тактиката и операцијата од добро вооружената турска армија.

Извор:Logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ nine = 12