izraelci-pokusavaju-srusiti-palestinsku-samoupravu-mogu-li-ju-europljani-spasiti_2941_1072

Израелците се обидуваат да ја срушат Палестинската Самоуправа: можат ли Европјаните да ја спасат?

Иако Белата куќа допрва треба да го открие планот на претседателот за израелско-палестинскиот мир, Доналд Трамп јасно стави до знаење дека овој план вклучува признавање на Ерусалим како главен град на Израел и игнорирање на историскиот муслиманско-арапско-палестински значаен градот. За да се разјасни уште повеќе, на Светскиот економски форум во Давос, Трамп најави преселба на Американската амбасада во тој град пред да започнат било какви дебати и иднината на Ерусалим. Во исто време, тој й порача на светската јавност дека Израел сака мир, а Палестинците ќе “сакаат мир” или Американците повеќе нема да учествуваат во тие преговори. Се чини дека американскиот претседател заборавил дека поради неговата ненадејна одлука за Ерусалим Палестинците ги остави без никакви опции и дека тие заклучија дека не сакаат ништо со него.

Но, многу поинтересно е тоа како Трамп знае дека Израелците сакаат мир; можеби немал време да ги разгледа неодамнешните одлуки на Комитетот за образование на Кнесетот кој го воспоставува израелскиот суверенитет над академските институции на Западниот брег. Одлуката се очекува на расправа во Кнесетот многу наскоро. Сегашниот израелски закон не се однесува на институциите што работат на окупираните подрачја кои Израел ги зазеде во 1967 година, а исто така ни образовните институции. Со новиот закон посебните совети, кои биле создадени за управување со израелските институции на окупираната територија, би се укинале и многу веројатно сите факултети и училишта кои не работат според меѓународни академски стандарди ќе бидат затворени. Министерот за образование, Нафтали Бенет, е на чело на Советот за високо образование, а истовремено и претседател на радикалната израелска партија HaBayit HaYehudi (Израелски дом), која се залага за изградба на меѓународно нелегални израелски населби на Западниот Брег. Неговиот партиски колега и пратеник во Кнесетот Шули Муале-Рафаели е автор на предлог законот, кој изјави дека во предлогот постои и јасна компонента за наметнување на суверенитет, како и придржување на академските правила. Интересно, многу академски граѓани кои треба да паднат под израелските суверени закони немаат ама баш никакви граѓански или политички права во Државата Израел.

Законодавството кое педесет години создавало поделба меѓу суверен Израел и окупираните територии, јасно не е ограничено само на академски прашања. Разни министерски совети предлагаат десетици закони поврзани со израелските населби. Новите правила ја рефлектираат политиката на владата да продолжат да градат населби во сите делови на Државата Израел, вклучувајќи ги Јудеја и Самарија односно Западниот брег, сите под претпоставка дека не постои окупирана држава на окупираните територии. Всушност, Израел веќе го отфрла зборот окупација. Нацрт-законите доаѓаат во областа на образованието, одбраната, земјоделството и туризмот. Адвокатите, сепак, предупредуваат дека парламентарните одлуки се однесуваат само на државната суверена територија и дека не можат да го наметнат својот закон, судството и администрацијата на Западниот Брег. Се чини дека Израелците подготвуваат целосен суверен напад врз палестинската самоуправа.

Европските лидери се залагаат израелското судство и извршната власт да немаат никаква врска со окупираните територии. Во Брисел се инсистира на решавање на две држави и сметаат дека ваквите чекори не одат во таа насока. На крајот на јануари, данскиот парламент усвои закон со кој населбите се издвојуваат од сите договори меѓу Данска и Израел и ги зајакнува упатствата за инвестирање во јавни и приватни фондови на окупираната територија. Тие, исто така, ја поддржаа иницијативата на Високиот комесар на ОН за човекови права кој создава црна листа на компании кои соработуваат со нелегални израелски населби на Западниот Брег.

На барање на Норвешка, Европската унија на на 31-ви јануари одржа вонреден состанок во Брисел на Ad Hoc одборот за врски, кој ја координира помошта за развој на палестинскиот народ. Донаторите на оваа група се состанаа во септември на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк на тема можен распад на палестинската самоуправа. Сега работите се многу посложени. Овој одбор беше формиран после Договорот во Осло и е една од критичните европски институции за одржување на работата на Палестинската самоуправа, а моментално и работа на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Состанокот се одржа еден ден откако Трамп во својот говор пред нацијата изјави дека американската странска помош ќе оди само за американските интереси и само на пријателите на Америка, што представува јасна порака до Абас.

Значајните намалувања на финансиските средства ќе имаат сериозни последици за работата на Палестинската самоуправга, вклучувајќи ги и нејзините безбедносни сили, и ќе ја загрозат безбедносната соработка со Израел и ќе овозможат подобри и почести анти-израелски напади, како и израелски контра-напади. Европските земји плаќаат специфични проекти како би спречиле да парите не неисчезнат на банкарски сметки на поедини Палестинци. И САД го прават истото. Во 2017 година, Конгресот одобри речиси 330 милиони долари за да ги покрие долговите на Палестинската самоуправа на Израелската компанија за електрична енергија и дел бил ставан на болници во Источен Ерусалим. Се уште не е јасно каква ќе биде американска економска помош на Палестина во новата фискална година, дали Трамп ќе ја оствари својата закана и ќе го замрзне целото финансирање или само ќе ја намали помошта.

Се разбира, европските министри за надворешна политика нема да ги извлечат паричниците на свопите земји и да ги покријат дефицитите од стотици милиони долари доколку Американците се повлечат. Во текот на изминатите четири години, европската помош за Палестинците постепено паѓала, ама не како казна за Рамала. И самите палестинци сфаќаат дека недостигот од околу 300 милиони долари помош е поврзан со економската криза во Грција и процесите на штедење, како и ефектите на Брексит. Недостатокот на пари може сериозно да ја оштети палестинската економија и да предизвика хуманитарна криза за два милиона Палестинци во Појасот Газа. Израелците нема да се потрудат да помогнат, иако се дискутираат за некои форми на намалување на израелските рестрикции за палестинските граѓани. Прашањето е сега како Израел ќе соработува со Европејците, кои се гледаат како единствен западен сојузник на Абас. Откако Договорот од Осло беше потпишан пред 25 години, Израел одби да даде какви било европски напори за приклучување кон израелско-палестинскиот мировен процес. Израел ја бојкотираше Париската мировна конференција на Блискиот Исток во јуни 2016 година, свикана од францускиот претседател Франсоа Оланд. Премиерот Бенјамин Нетанјаху на европските земји гледа како пријатели на Палестина, па минатата година европското раководство и нивниот пристап кон Израел го опиша како “лудо”.

Но, сега изгледа дека САД повеќе нема да бидат принципиелен дипломатски медијатор меѓу Израел и Палестина, па дури ни главен економски донатор. Ова ќе ја отвори вратата на ЕУ ширум. Можеби Нетанјаху нема да се согласи со прифаќањето на ЕУ на регионалната сцена (како што сака Абас), но не може да го негира поголемото европско економско вклучување и проширување на неговата дипломатска моќ. И додека Израелците му се исмејуваат на Брисел, што европската помош не е заклучена со признавањето на Палестина како држава, словенечкиот парламент разговара за резолуцијата со која се признава Палестина. Ова гласање го одразува чувството на беспомошност во овој вечен конфликт на Левант; додека Словенија не е клучен играч во ЕУ, други земји можат да направат далекусежни заклучоци од одлуката на Љубљана.

Извор(и): www.advance.hr  |   www.timesofisrael.com | www.haaretz.com | www.timeshighereducation.com |www.haaretz.co.il | www.haaretz.com | www.jpost.com | www.vox.com | www.jpost.com ||




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + = eleven

%d bloggers like this: