sneg

Снег на Балканот: Завеани села, хаос во сообраќајот

Снегот ги блокираше Словенија, Хрватска и западниот дел од Босна и Херцеговина. Поради снежниот бран што зафати голем дел од Балканот, сообраќајот на места е отежнат, а на голем дел е и во застој.

Центарот за кризи на Словенија предупредил да се користи зимска опрема за сите возила. На некои патишта е забранет сообраќај, а на други се советува возење со прилагодена брзина. Забележани се и неколку несреќи, но без животни последици на учесниците.

И во западниот дел на Босна и Херцеговина се блокирал сообраќајот, а на одредени места, како што пренесуваат медиумите во регионот, дошло и до прекин на снабдувањето со струка.

Според прогнозите, снег ќе има и во Србија, но нема да потрае долго. Од утре се најавува стабилизирање на времето.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × seven =

%d bloggers like this: