Денеска се одбележуваат 146 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делечв.

Владина делегација по тој повод ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Тој се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

До 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија, а убиен е на 4 мај 1903 година од турската војска во селото Баница.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here