erdogan

Во пресрет на посетата на Ердоган на Рим, на улиците засилени безбедносни мерки

Пред посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Ватикан, кој започнува денес, во Рим се преземени високи безбедносни мерки.

Италијанска новинска агенција АНСА соопшти дека високите безбедносни мерки биле преземени поради дводневната посета на претседателот на Турција на Ватикан, објави агенцијата Анадолу.

За безбедноста во Рим, се додека Ердоган не си замине од градот, ќе се грижат околу 3.500 припадници на безбедносни сили.

До пристигнувањето на Ердоган останаа неколку часа, а поедини сообраќајни делници во Рим ќе бидат затворени за сообраќај.

За време на посетата на турскиот претседател, ќе бидат ангажирани и тимовите за борба против нуклеарни, биолошки, хемиски и радиолошки закани.

Весникот “La Repubblica ” објави дека во Рим е формирана зелена зона, во рамките на која во текот на посетата на Ердоган нема да бидат дозволени демонстрации. На овој начин се планира да се спречат провокации и неовластени активности на припадниците на терористичката организација ПЈД / ПКК.

Ердоган е првиот турски претседател кој ќе го посети Ватикан во последните 59 години. По состанокот со папата Фрањо, се планира средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролино.

По посетата на Ватикан, Ердоган треба да се состане со италијанскиот претседател Серџо Матарело и премиерот Паоло Гентилони во Рим.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine × 5 =

%d bloggers like this: