ruski soboren avion

(Видео) СИРИЈА: Повеќе информации за соборениот руски авион и пилотот

На територијата на провинцијата Идлиб, обезбедувајќи копнена поддршка на сириската армија која напредувала кон градот Саракиб, руски воен авион Су-25 беше соборен од припадници на една од фракциите на групат Хајат Тахрир Ал-Шам. Веста, пропратена со нејасни снимки и фотографии, први ја објави т.н. “сириска опозиција”.

Според руските медиуми, Министерството за одбрана во Москва потврди дека рускиот Су-25 бил соборен во областа Идлиб од пренослив против-воздушен ракетен систем. Пилот успеал да катапултира, но бунтовниците на коалицијата Хајат Тахрир Ал-Шам го убиле.

Рускиот воен телевизиски канал Звејезда потврдува дека пилотот успеал да ја извести командата дека бил погоден и дека ќе се катапултира во област под контрола на бунтовниците на Ал-Нусра Фронт.

После катапултирањето, пилот бил убиен во борбата против бунтовниците, за воената телевизија потврдило руското Министерство за одбрана.

РИА Новости г оцитираше руски центар за помирување во Сирија, кои заедно со Турција работаат на враќање на телото на убиениот пилот.

Претходно на Твитер беа објавени неколку видеа со уништен авион. На една од сликите се гледаат делови на соборениот авиона и како еден од бунтовниците скока по остатоците.

Рускиот опозициски весник Нова газета објави дека, според нивните сознанија, убиенот пилот Роман Филипов, од Крим, претходно служел во украинската авијација, ама со соединување на полуостровот со Русија, се приклучил кон руските воздухопловни сили.

После соборувањето на рускиот авион, во подрачјето од каде било пукано на авиониот, руските воздушни спроведиле масовни воздушни напади.

За жал, дури и со катапултирањето, пилотот имал мали шанси за преживување, бидејќи паднал во област каде што биле концентрирани прилично големи бунтовнички сили кои се обидуваат да им пружат отпор на сириската војска која напредува од исток.

ФОТО – Делови од соборениот авионOboren Su-25

Сé уште не е јасно која група го сонбнорила авионот и дали станувало збор за  пренослив систем или против-воздушен топ кој на мала висина успеал да го погоди авионот.

Руското министерство за одбрана досега се воздржа од коментирање, но Центарот за помирување во Сирија соопшти дека таканаречената “зона за де-ескалација на судирите во Идлиб” е во надлежност Турција и дека со Анкара се преговара за враќањето на телото на убиениот пилот.

Оваа вест треба да се сфати сериозно, со оглед на тоа што за соборувањето на авионот го презела бунтовничката група Џаиш ал-Наср, која беше прва што го емитуваше видеото кое покажува како против-воздушен проектил го погаѓарускиот авион.  Имено, групата Jaish al-Nasr е, наводно, “опозициска фракција” на таканаречената “Слободна сириска армија”, основана во август 2015 година преку обединување на 16 различни фракции.

Групата тогаш беше вооружена и опремена од Вашингтон, Турција, Саудиска Арабија и други актери, кои во март 2015 година ги опремија и вооружија овие припадници на бунтовничките групи  да започнат воена кампања за заземање на провинцијата Идлиб. Познато е дека Пентагон на овие бунтовници им достави против-оклопни проектили BGM-71 TOW. Подоцна, оваа “опозициска борбена фракција”, која официјално би требало да биде контролирана од Анкара, се приклучи на сирискиот огранок на Ал Каеда. Засега, само е познато дека Москва од Анкара побарала телото на пилотот, а дали овој инцидент ќе има последици за соработката на Русија и Турција не е познато.

Потсетуваме дека рускиот авион Су-25 е соборен во областа каде што сириска армија, Хезболах и проруските милиции, со поддршка на руските воздухопловни сили, ослободуваат големите области на јужниот дел на Алепо и источниот дел на Идлиб и пристигнале на помалку од 15 километри од Саракиб, клучната тврдина во со рацете на бунтовниците, после што се отвара патот за ослободување на шиитските енклави на Фоуа и Кафраја и вооружените групи и административниот центар на покраината, градот Идлиб.

ВИДЕО - Соборување на авионот  во прилог на Еуроњус




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ nine = 14