mai

ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ: Откриена нова колосална мрежа на градови на Маите сокриени во џунглата во Гватемала

Радарската анализа откри пред неколку денови во џунглата во Гвантанамо над 60.000 претходно непознати структури – огромен мегалополис кој беше угостувал  милиони луѓе повеќе отколку што претходно се мислело.

Навистина неверојатно. Пирамидите во џунглата во гватемала во Централна Америка имале многу подлабоки темели отколку што се мислело. Откритието е овозможено со анализата на лидар, која за разлика од конвенционалниот радар користи ласер. Проучени се околу 2100 квадратни километри од џунглата околу археолошкото наоѓалиште Lost World во Националниот парк Тикал. Резултатите пред неколку демови откриле повеќе од 60.000 неочекувани структури, што укажува дека градот бил огромен мегалополис кој во тоа време бил домаќин на најмалку 20 милиони луѓе.EPOHALNO OTKRIĆE: Otkrivena nova kolosalna mreža gradova Maja skrivenih u gvatemalskoj džungli

Палати, мостови, утврдувања и други елементи сокриени биле со векови. Постоечкиот град, сега популарен и туристичко место, три до четири пати е поголемо отколку што претходно се мислело. “Фотографиите на лидарот јасно покажуваат дека густината на населеноста во оваа област била грубо потценета”, вели Томас Гарисон, археолог од Колеџот Итака (САД).

Претходната анализа на лидарот веќе открија огромни средновековни градови во џунглата во камбоџа, на пример, или остатоците од структурата на железното време во Велика Британија. Ама, тоа не е ништо во споредба со ова откритие. Резултатите овде укажуваат на цивилизација пред 1200 години, комплексна и исклучително софистицирана, под водство на мистериозниот крал на змиите. Новите проценки говорат за животот на 20 милиони луѓе распространети низ територијата на Маите, големина на денешната Италија. Во истиот период, Европа имала само 40 милиони жители. Да замислиме денес да населиме 250 милиони луѓе во Италија?

Пронајдени се комплексни системи за наводнување и земјени работи, како и канали, резервоари кои ја одржувале влажноста на џунглата. Сето ова е сведоштво за софистицираното земјоделство што овозможувала исхрана за населението. Истражувачите, исто така, ги пронајдоа патиштата што ги поврзуваат речиси сите урбани центри и воделе до воздигнати делови кои биле користени во дождливо време. Што се однесува до утврдувањата, тие сугерирале дека војната е важен и траен проблем.

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = two