Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека грчката влада се фокусира на националните интереси и дека секое друго однесување ќе доведе до пораз на нацијата. Ципрас изјавил дека неколку илјади луѓе се собрале на улиците на Атина и дека организаторот не ги исполнил очекувањата на еден милион луѓе да протестираат.

Канцеларијата на грчкиот премиер соопшти дека повеќето Грци веруваат дека прашањата на надворешната политика мора да се решаваат без нетолеранција и фанатизам, а истото е случај и со компромисот на Грција со властите во Македонија во врска со името на оваа земја.

“Владата се фокусира на националниот интерес, умереноста, претпазливоста и инсистира на соработка, разбирање и заеднички развој”, рекол Ципрас.

Потсетуваме, илјадници Грци денес излегоа на улиците заради долготрајниот спор со Македонија околу името.

Насобраните извикувале: “Македонија е грчка и само грчка”, а композиторот на националната химна Микис Теодорокис рекол дека Грција никогаш нема да и дозволи на другата земја да го носи името Македонија.

Протестите беа организирани откако посредникот во преговорите за името околу  Македонија, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц ги посети Атина и Скопје, каде што разговараше со официјалните претставници за можностите за решавање на 25-годишниот спор.

Последниот пакет на предлог на Нимиц беше воспоставен по последната рунда разговори на Нимиц со министрите за надворешни работи на двете земји во Њујорк на 17 јануари, но досега не е официјално презентирана.

Според медиумите, постојат пет предлози: Северна Македонија, Горна Македонија, Нова Македонија, Република Македонија (Скопје), Вардарска Република Македонија.

Грција се противи на користење на името “Македонија”, отако ова земја беше одвоена од Југославија во 1991 година.

Извор:Klix

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име