GRCIJA-PROTEST

Реакции: Национализмот во Грција е жив, но во заминување

Протестот во Атина е излив на национализмот, но нема да го запре процесот за решавање на спорот за името – анализира дел од експертската јавност.

Вчерашниот протест е реакција на националистичките и клерикалните кругови во Грција. Видовме единство меѓу националистичките кругови и  црквата за жал. И тоа е обид да се саботира процесот на изнаоѓање решение за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, коментира за НОВА, Александар Спасов.

,,Протестот беше очекуван, беше броен, но далеку под излезноста на која што се надеваа организаторите на протестот и во таа смисла протестот ќе има соодветно  влијание врз процесот на преговорите, но нема да го попречи процесот, што значи процесот нема да запре поради самиот протест. Крајната цел е да се спречи приемот на Македонија во НАТО, а подоцна и во ЕУ што во крајна линија е во интерес на оние кои се противат на проширувањето на НАТО,  а тука е политиката на Русија и затоа не е случајно учеството на Грчката православна црква која традиционално негува блиски односи со Руската православна црква која е експонент на политиката на Москва“, вели Спасов.

Суштината на ваквите изливи на национализам лежат длабоко во грчкото општество кое никогаш не успеа да се соочи со своето минато. Пораките од протестот беа крајно дегутантни, повеќе соодветни за собир на некоја фашистичка група , а не на демократски протест против некоја политичка акција.

,,Ова е резултат на долго негуван национализам кое во одредени кругови се граничи со шовинизам и со кое грчкото општество не успеа да расчисти . Крајот на 70- ја тргнаа хунтата од власт, која меѓу другото беше екстремно националистичка и по демократските промени во 80 години, Грција никогаш не се соочи со своето минато. Не се обиде да даде искрен одговор на многу прашања кои се важни од минатото, а пред се граѓанската војна во Грција од 45 – до 49 година и законот со кој  забрануваше влез  на сите оние кои не се Грци по род. И поради релативно хомогениот етнички и верски состав никогаш не чувствувале потреба да се соочат со своето минато и како кај сите национализми , посебно балканските сопствената историја е секогаш напишана херојска. Нема можност за нијанси во таа дихотомна структура на пријател – непријател: тие традиционално гледаат пријатели во Србија, а непријатели во Турците, Албанците и Македонците – и  сега кога мора да се соочат со конкуренција во историјата постои страв од рушење на тој мит врз која е заснована државата и затоа се тие  хистерични пораки“, вели Спасов за НОВА.

Спасов смета дека  Западот ги има вкалкулирано и  овие ситуации, кога одлучи да влезе во процес на решавање на спорот.

Поранешниот амбасадор Благој Зашов,за НОВА оценува дека  Грците направија голема грешка со вчерашниот протест и сега и Европа треба да биде свесна каде е проблемот. Паролите ,,Македонија е Грција“ е токму израз на иредентизам вели тој.

Зашов е посебно изненаден од повикот на лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис на демонстрации, кога  токму неговиот татко го дал предлогот за Република Македонија (Скопје).

,,Неговиот татко, Константин Мицотакис беше тој кој го даде ливчето со предлогот Република Македонија (Скопје) кога во Давос, во 92, имаше средба со тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов. И Андов во последната книга пишува за тој момент. Јас бев присутен на тој ручек на кој се разговараше беше и Кисинџер. Му даде ливче и му рече ако не се реши сега спорот, да не го објавува 10 години“, открива Зашов.

И двајцата соговорници се согласуваат дека не може да се повторат демонстрации како во 92 та, кога свој говор исто така имаше грчкиот композитор Микис Теодоракис. Вчерашниот негов говор, според полицијата го слушале 140 000 демонстранти – во 1992 повеќе од милион.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 8 = seventeen

%d bloggers like this: