Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција,  со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, е официјалниот став на Владата во врска со вчерашниот протест што се одржа во Атина.

-Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон пријателство и кон цврста стабилност и економски развој на целиот регион, велат во Владата.

Притоа се истакнува дека Владата на РМ ги застапува ставовите кои придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име