zimamoskva

(Видео) Рекордни снежни врнежи во Москва, очистено 1,2 милиони кубни метри снег

Москва ја зафатија рекордни снежни врнежи во последниве сто години, соопшти денеска канцеларијата на градоначалникот, додека зимските бури за само два дена создадоа снежна покривка од 45 сантиметри во рускиот главен град.

Овие количини се повеќе од просечните снежни врнежи за целиот месец февруари, стои во соопштението на канцеларијата на градоначалникот. Дополнителни 15 до 20 сантиметри од снег се очекува во текот на денот, објавија државните медиуми. – Во изминатиот ден од улиците на Москва биле исчистени 1,2 милиони кубни метри снег - стои во соопштението на заменик-градоначалникот Петрот Бирјуков.

Еден човек смртно нстрадал, а околу 2.000 дрвја се соборени под обилниот снег, изјави за време на викендот градоначалникот Сергеј Собјанин. Покрај тоа, повеќе од сто летови биле одложени или откажани од трите главни градски аеродроми. Илјадници комунални работници се обидоа да ги одржат ви промет патиштата и подземните железници.

Силниот снег и ледениот дожд непроодни за пешаците направиле бројни градски улици. Невремет предизвикало и масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија во поширокиот регион на Москва.

Извор:Vijesti




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 8 =