Во текот на последните 24 часа, водечката криптовалута, Биткоин, изгубил 24% од својата вредност и во еден момент паднал под 6.000 долари (во моментов изнесува околу 6.800 долари).

Една од причините за понатамошна криза е најавата на Кина да воведе построги регулативи во однос на тргувањето со криптовалутите. Бројни негативни вести доведоа до опаѓање на Биткоинот за само неколку недели од околу 20.000 на околу 6.000 долари.

Иште поголем пад вчера доживеа криптовалутата Ethereum – вкупно 30% – со тоа избришана е  целата вредност постигната во текот на оваа година. Падот, исто така, доживеа и Ripple, кој ова утро вреди 0,65 долари, а на почетокот на јануари вредеше 3,80 долари.

Многумина се прашуваат како вчерашниот слом-крах рака  американските берзи ќе влијае на вредноста на криптовалутите. Во моментов изгледа како паѓањето да се одвива во истовреме.

На вкупниот пазар на криптовалути за само еден месец “избришани” се повеќе од 550 милијарди американски долари.

Извор:Advance

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име