1000_1517910407svedska_izbjeglice_(2)

Пожар на згради подготвени за бегалци

Во две згради во северниот дел на Стокхолм, каде што требало да бидат сместени бегалци, во раните утрински часови избувна пожар, јави агенцијата Анадолу (АА).

ФОТО: АА

Зградите се наменети за сместување на бегалци кои моментално се наоѓаат во други области во овој шведски град.

Шефот на единицата против пожарникари во Akersberg, Хампус Норденблад, потврди дека пожарот избувнал во три часот по полноќ и бил локализиран во шест.

Според него, пожарот е локализиран со брза интервенција на противпожарните единици на теренот. Зградите се спасени од целосно уништување, ама направена е материјална штета.

Норденблад потсети дека зградите биле подготвени за бегалци кои наскоро требало да се преселат.

Во тек е истрага за овој настан, а наводно постојат докази дека пожарот е подметнат.

Извор:Faktor/Фото:АА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + three =