Tajvan zemjotres

(Видео) Силен земјотрес го погоди Тајван, урнат хотел и оштетени патишта

Најмалку две лица загинале, а повеќе од стотина се повредени во земјотресот кој го погоди источниот брег на Таивана вечерва, соопштија официјалните претставници.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени со епицентар бил на околу 20 километри од брегот, меѓутоа многу силно се се почувствувал  во градот Хуалиен.

Неколку високи згради се урнале, а многу патишта се сериозно оштетени. Спасувачите се обидуваат да стигнат до преживеаните, а неколку лица се заробени на приземјето на хотел кој е силно оштетен во земјотресот. Долните спратови од хотелот Маршал попуштиле и хотелот налегнал на едната страна.

“Преживеаните ни покажуваат со вклучени мобилни телефони каде се наоѓаат”, потврдиле спасувачи од самото место.

Најмалку 28 лица веќе се спасени од хотелот, а некои сами се извлекле од урнатините.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− five = 4

%d bloggers like this: