erdogan

Лидерите на ЕУ на 26.март на средба со Ердоган: Утврдување на заедничките интереси

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, земјата која претседава со Европската унија (ЕУ), на 26.март ќе се состанат со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во бугарскиот град Варна.

Пребен Ааман портпарол на Европскиот совет, по пат на Твитер објави писмо кое Туск и Јункер му го испратиле на Ердоган.

Во писмото е потврдено дека работниот ручек на Јункер, Туск и Борисов со турскиот претседател ќе се одржи на 26 март оваа година.

Се потсетува и на состанокот помеѓу Ердоган, Туск и Јункер, што се одржа во Брисел на 25-ти мај, минатата година во Брисел, притоа се додава дека после тоа се одржаа средби на високо ниво во областа на транспортот, економската соработка, борбата против тероризмот и надворешната политика.

Во писмото, исто така, се изразува задоволство од зајакнувањето на односите на Турција со земјите-членки на ЕУ.

Исто така се наведува дека на состанокот ќе бидат идентификувани заеднички интереси и дека ќе се дискутира за најновите случувања во Турција.

Во писмото се наведува и дека на состанокот ќе се разговара и за понатамошно продлабочување на односите на двете страни.

Извор:(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 × six =