Asad-Meta

Башар Ал Асад ставен на “Листата за одстрел“ на Израелски Мосад

Во рамките на акцијата без преседан, израелскиот Мосад името на сирискиот претседател Башар Ал Асад го стави на листата на луѓе што планира да ги убие, објави кувајтскиот весник  Ал-Џарида.

Порталот Zero Hedge, кој исто така ги има истите информации, објави дека Вашингтон на Мосад му дал зелено светло за ликвидација и на иранскиот командант на силите на Кудс на Иранската револуционерна гарда, генерал Касем Сулејмани.

Според извештајот на кувајтските весници, израелскиот режим смета дека Башар ал Асад е “лидер на терористичка група” и затоа претставува закана за израелските интереси.

Ал-Јарида објаснува како Мосад донел таква одлука откако сирискиот претседател се заканил дека ќе ги нападне клучните објекти на израелскиот режим.

Претходно, сирискиот претседател, наводно, му изјавил на својот руски колега, Владимир Путин, дека сириските воздухопловни сили ќе го нападнат израелскиот меѓународен аеродром “Бен Гурион” доколку израелските војници продолжат да ги напаѓаат позициите на сириската армија.

Ова е прв пат Мосад да вклучи име на претседател на држава во “листата за одстрел“. Оваа листа веќе го вклучуваше и генералниот секретар на либанското движење на отпорот Хезболах, Хасан Насралах, командантот на силите Кудс, иранскиот генерал Касем Сулејмани и шефот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Ханијех.

Во средината на 2017 година, шпионската мрежа создадена од страна на Мосад собирала информации за Сирија и за други земји, како што се Либан и Ирак.

Во изминатите 70 години, израелските разузнавачки агенции извршиле најмалку 3.000 убиства, изјави израелскиот новинар Ронен Бергман во неодамна објавената книга “Скриена војна – Израел и тајните убиства на Мосад”.

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × nine =

%d bloggers like this: