tko-je-srusio-ruski-zrakoplov-nad-sirijom-i-zasto_3189_2503

Кој го сруши рускиот авион над Сирија , и зошто ?

Русија брзо и силно реагираше на уривањето на борбениот авион Су-25 над сириската провинција Идлиб и убиството на пилотот на 3-ти февруари. Кратко по инцидентот, руското Министерство за одбрана нареди прецизни ракетни напади врз оваа област, во кои загинале најмалку триесет милитанти. Овој настан немило одекна меѓу руските воени планери, бидејќи се чини дека авионот бил соборен од пренослив против-воздушен ракетен систем, кој може да дојде од било каде. Рускиот пилот, мајорот Роман Филипов, успеа да се катапултира од авионот, меѓутоа на него било пукано во текот на спуштањето. Руските медиуми известија дека пилотот бил жив кога слегол во областа под контролирана на припадниците организација Ал-Нусра, каде подоцна бил убиен. Некои од овие медиуми, исто така, тврдат дека пилотот се разнел со граната во последните минути со себе во смрт однел и неколку милитанти. Станува збор еден од најдобрите пилоти на руските воздухопловни сили.

Прашањето е и кој навистина стои зад овој напад.  Организација Хајат Тахрир ал-Шам, новото име на Јабхат ал-Нусра, која е крило на Ал каеда, ја презеде одговорноста за уривање на авионот, но во малата област на провинцијата Идлиб исто така има слободна сириска армија и нејзиниот соработник, наводно умерената опозициска група Џаиш ал -Наср. И двете опозициски групи добиваат оружје од САД. Неколку минути по уривањето на Су-25, Алаа ал-Хамви, командант на одбранбениот баталјон Џаиш ал Насра, ја презеде одговорноста за овој напад. Но, тогаш, Тахрир ал-Шам тврдеше дека неговите борци го собориле рускиот авион. Оваа цела ситуација го покренува прашањето за тоа како милитантите добиле такво оружје и дали било посредувано од голем играч во сириската војна.

Руски авиони обично дејствуваат на височини кои преносните ракетни системи не можат да достигнат, иако авионите Су-25 можат да се спуштат на пониски нивоа. Овој Су-25 летал многу ниско, но и во тој случај е потребен бил посебен вид на ракетен систем и добрата способност на оперативецот кој користи таков систем. Меѓу можните извори на такво оружје, најверојатно, е оружје од американското производство, иако некои експерти сугерираат дека терористите би можеле да добијат оружје, преку Турција, Катар или Саудиска Арабија. Во руските парламентарни кругови се вели дека MANPADS или преносливите системи за против-воздушна одбрана, се од американско производство што САД им го дава на терористите преку трети земји, а тоа е она што Вашингтон го прави за да предизвика одредени реакции. Според тоа толкување, ситуацијата во Идлиб е под турска контрола, а рушењето на авионот може да се користи како пречка за руско-турското разбирање.

Ова е мислење во согласност со претходните руски изјави за хемиските напади во Сирија и можната американска воена акција против сирискиот претседател Башар ал Асад. Во Москва постои силно верување дека Вашингтон се залага за спречување на руските политички иницијативи. Неодамна, руското Министерство за надворешни работи изјави дека американската тврдоглавост во поставувањето на истото сценарио во Сирија какво што светот виде во поранешна Југославија, Ирак и Либија е очигледно. Додека некои компоненти на рускиот безбедносен сектор сериозно се фокусираат на оваа тема, Кремљ, секако, не се откажа од идејата за соработка со американскиот претседател Доналд Трамп во напорите за безбедност и контратероризам. Шефовите на руските разузнавачки и безбедносни агенции беа во Вашингтон на почетокот на февруари. Меѓу присутните биле и шефот на руската воена разузнавачка агенција Игор Коробов, руската контраразузнавачка агенција Сергеј Нарјашкин и шефот на Федералното биро за безбедност Александар Бортников. Тие се состанаа со директорот на ЦИА, Мајк Помпео, за да разговараат за можностите за соработка. Претходно, рускиот амбасадор во Соединетите Држави, Анатолиј Антонов, во интервју за руските медиуми изјави дека Москва е подготвена да ја зголеми соработката со САД во Сирија.

Заради тоа, руските службеници не можат лесно да го вперат прстот во Вашингтон. Втората можност е уште полоша, а тоа е авионот да бил срушен од страна Турците.  На ниво на експертска анализа, идејата дека Анкара би можела да одигра официјална улога во овој напад произлегува од длабоко вкоренетата недоверба меѓу Турција и Русија, не само поради несогласувањата во Идлиб, туку и поради претходните инциденти кои своја круна имале во соборувањето на рускиот авион над Сирија 2015. И додека рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изразија позитивни оценки за неодамнешниот Конгрес на сирискиот национален дијалог во Сочи, Анкара нема причина за голем оптимизам за улогата на опозициските групи во тој процес и на теренот. Москва сака Турција да ги искористи своите добри контакти со опозицијата, вклучително и со радикалните групи, со цел да ја прифатат руското медијација и превласт на Дамаск. Дека за тоа во Русија сериозно се размислува покажува и фактот дека телото на починатиот пилот се врати во Русија со помош на Турција, откако Москва побара од руски колеги посредништво на теренот.

Други во овој инцидент ја гледаат можноста за манипулирање со чувствата во Москва. Некои локални курдски лидери, до грло скарани со сириската опозиција и пред турски непријатели, размислуваат како да ја добијат руска помош. Официјалниот претставник на курдските одбранбени сили во Африн, Реизан Хеду, беше еден од првите кои изразија сочувство на Русија за губење на пилотот и изјавил дека тој бил убиен од терористи, кои исто така се одговорни за серија убиства на курдски војници и цивили. Тој го вперил прстот во терористички групи опкружени со Идлиб, кои можат да добијат помош само од Турција. Во Идлиб, смета Хеду, сириските владини сили се соочуваат со групи кои добиваат поддршка од турската војска во Африн.

Долгорочните последици од овој инцидент врз руската политика кон Сирија не се едноставни. Во декември, руските трупи сметале дека борбената активност на Русија во Сирија е готова. Путин мислел дека тоа е добар момент за спасување на руската воена иднина во кошмарот на конфликтот во Сирија и тој се фокусираше на политичкиот договор во таа земја преку иницијативи како т.н. конгрес во Сочи. И покрај многуте контроверзии и очигледни обиди за маргинализирање на овој конгрес, идејата зад Сочи ја означува руската флексибилност да работи со сите главни играчи во оваа област. Руските напади, сепак, не застанаа, иако беа намалени. Русија се уште сака да биде последниот јазик на вагата на настаните во Сирија.

Гледајќи воено нападот на рускиот авион нема да ја промени одлуката Русија да се повлечи од руските борбени операции во Сирија, но ја загрозува руската благонаклоност за разговор со сите што сакаат. Сега Москва може да даде поголем легитимитет и поддршка на Асад и неговата влада во Дамаск, за зголемување и фокусирање на некои од нејзините воени напади врз многу тесните цели на терористите и опозицијата која не сака да соработува со Русија. Тие ќе страдаат и политички, се додека Кремљ има доволно доверба да ја направи вистинската работа во Сирија.

извор : Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× nine = 63

%d bloggers like this: