erdogan montaza

Уште една во низата лаги: Приврзаниците на ПЈД/ПКК монтирале фотографија со Ердоган и пласирале лаги

Приврзаниците на терористичката организација ПЈД / ПКК во новиот обид на клевење на операцијата “Малиново гранче“, спроведена од страна на турските вооружени сили (ТСК) во Сирија, овој пат за таа намена (клеветење) монтирале дури и фотографија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави агенцијата Анадолу (АА). ФОТО: АА На профили на социјалните мрежи, блиски на терористичка организација, објавени се лажни тврдења за тоа дека “Турција обезбедува поддршка за ИСИЛ”, кои се пропратени и со монтирана фотографија (фотомонтажа). На фотографијата на која е прикажана туркменска група со турско знаме, приврзаниците на терористите ги претставиле како терористи на ИСИЛ, а испод е поставена фотографија на турскиот претседател Ердоган. Сепак, истражувањето-анализа покажа дека таа  фотографија е направена на 2 октомври 2015 година. Фотографијата настанала после доставувањето на помош на туркменската бригада Султан Албдулхамид Хан во регионот Баир Бучак, во близина на Латакија. Поддржувачите на терористичката организација ова фотографија објавиле со лажни информации дека “Турција и нејзиниот претседател Ердоган ги поддржуваат терористите на ИСИЛ”. Симпатизерите на PYD / PKK и порано на своите профили користеле фотографија забележана од АА на стратешки важните планини Баршеја. Оваа фотографија стана своевиден симбол на операцијата Маслинова гранка, но поддржувачите на терористите ја користеле за пласирање  лаги, ставајќи на неа еден од симболите на ИСИЛ. Извор: Faktor/AA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × = 63

%d bloggers like this: