Britanija Dom

Иницијатива во британскиот парламент Македонија да влезе во НАТО со старото име

Извештај подготвен за Домот на лордовите, односно Горниот дом на парламентот на Обединетото Кралство повикува британската влада да се заложи за влез на Македонија во НАТО без решение на спорот за името и идентитетот.

„Владата треба да поддржи мерки за помагање Македонија да се приклучи на НАТО со или без решение за проблемот со името“, се наведува во извештајот, подготвен од Посебниот комитет за меѓународни односи, кого Домот на лордовите го избира за секоја седница „заради преиспитување на меѓународните односи на Обединетото Кралство“.

„Членството во НАТО и соработката би можеле да ги потпомогнат мирот и стабилноста во регионот. Се согласуваме со постојаната поддршка на Владата за амбициите за членство на Босна и Херцеговина и Македонија. Под услов тие да ги задоволуваат условите за членство, нивното приклучување би бил добредојден чекор кон поголема стабилност во регионот“, се вели во текстот.

Извештајот дава преглед на ставот на Македонија кон членство во НАТО, кој, како што се вели, ги надминува амбициите за членство во ЕУ.

„Во Македонија членството во НАТО има популарност (и е поитен приоритет од членството во ЕУ). Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека над 70 отсто од населението дава поддршка за зачленување. Димитров рече дека членството ќе докаже „дека Македонија е тука за постојано и во овие граници“. Но напредокот кон зачленување е блокиран од грчките забелешки за името на земјата“, се вели во извештаот, во кој се напоменува дека пристапувањето ќе биде тешко без решение на спорот.

Извор:Мета




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 6 =