2

(Фото/Видео) АБУ ДАБИ: Страотен верижен судир

Дубаи: Дваесет и две лица се здобиле со сериозни повреди во верижен судир на 44 автомобили  на автопатот кој водел од Дубаи за Абу Даби.

Сообраќајните власти во Абу Даби ги предупредија возачите да преземат алтернативни правци откако судир на две возила предизвика верижен судир на голем број автомобили на главниот автопат што ги поврзува Дубаи и Абу Даби.

Во текот на изминатиот ден била случена уште една помала несреќа, без поголема материјална штете и животна опасност на учесниците во сообраќајот.

Несреќите биле пријавени околу 8:30 и 10:00 часот.

Сообраќајот бил прекинат на автопатот, заради инцидентот што се случил во непосредна близина на мостот Ал Самха.

Неименуван извор од полицијата во Абу Даби, за порталот Gulf News  изјавил дека првата несреќа се случила меѓу неколку возила на патот кон Абу Даби, каде возачите веднаш биле повикани да го напуштат местото на настанот.

Според првичните информации до несреќата дошло заради густата магла која зафатила дел од овој автопат, и неприлагодената брзина за ваквите услови на возење.

Исто така се пренесува дека момемнтално нема лица кои го загубиле својот живот, иако се проценува дека во овој верижен судир, причинета е голема материјална штета.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× six = 6