izraelskiavion

Сирија одговори на ракетниот напад на израелскиот режим

Официјален Дамаск соопшти дека израелски авиони извршиле напад врз Сирија. Воздухопловството на израелскиот режим спроведе ракетен напад од либанскиот воздушен простор и гаѓаше истражувачки центар во близина на главниот град на Сирија.

Се зборува за експлозија на најмалку три прокетили  во областа на Центарот за наука и истражување Џамраја, за кој израелскиот режим се сомнева дека е база на иранската армија. Дамаск соопшти дека сириската против-воздушна одбрана успеала да уништи неколку проектили пред да ја постигнат својата цел.

За сириските власти, нападот на израелскиот режим представува отворена агресија против Сирија, а нападите врз сириските цели во Дамаск се сметаат како поддршка за терористички групи активни во Сирија.

Ова е втор пат за два месеци вооружените сили на еврејската држава да го гаѓаат Центарот за наука и истражување во Џамраја, во близина на Дамаск, а претходно во неколку наврати гаѓаа воени објекти на подрачјето на Сирија. Според официјалната изјава на израелскиот режим, се напаѓаат позициите на иранските сили во Сирија и позициите на либанско шиитско движење Хезболах, кои го поддржуваат Дамаск.

Во изминатите неколку месеци, против-воздушната одбрана на Сирија значително ја подобри својата ефикасност и успеа да уништи неколку проектили во воздухот во изминатите неколку слични напади. Сега, во просек, во израелски напади од ваков вид, два или три проектили паѓаат на објекти во Сирија, кои повеќе не предизвикуваат значителна штета на целните објекти.

Според други информации, израелските ракетни напади биле спроведени од територијата на еврејската држава, но другиот дел од информациите во двата извори бил ист, а три проектили паднале во центарот, додека другите ги биле уништени од страна на сириската противвоздушна одбрана.

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 3