Иднатa недела на 15 и 16 февруари министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Коѕијас и Димитров ќе се сретна со медијаторот Метју Нимиц во Софија, на нова рудна разговори со што се означува и стартот на интензивен преговарачки процес во обид да се изнајде решение за спорот со името до крајот на март.

Фото финиш

„Влегуваме во фото финиш“, велат високи претставници на власта, зборувајќи за текот на преговарачкиот процес.

На преговарачката маса се пет предлози за компромисно име. Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека Македонија е подготвена да прифати географска одредница што значи дека од преговарачкиот пакет отпаѓа името „Нова Македонија“ кое се смета за композитно име со временска одредница. Остануваат предлозите со географска одредница -Горна, Северна, Вардарска и Република Македонија- Скопје.

Нашите извори не сакаа да коментираат кој од овие четири предлога со географска одредница е најприфатлив за македонската страна.

Една од жешките теми на преговарачката маса во Софија идната недела ќе биде барањето на кое инсистира Грција за примена на името кое ќе биде избрано како компромисно или принципот познат како „ерга омнес“ . Ставот на Атина пo ова прашање  е  – едно име и за надворешна и за внатрешна употреба. А ова да важи и за сите земји кои го признаа уставното име на Република Македонија

Mакедонските власти сметаат дека ерга омнес не треба да значи промена на името внатре во земјата, што повлекува да нема промена на Уставот. Исто така, се смета дека не може да им се каже на земјите кои не признале да не нарекуваат поинаку. Ерга омнес, според македонската страна, е име за сите меѓународни организации и институции.

Што се однесува до промена на Уставот, македонската преговарачка позиција е дека нема потреба за тоа.

Андов: Времената спогодба го заштитува македонскиот Устав

Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали решението вклучува промена на Уставот рече:

„Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство и од тој аспект, не гледам потреба за тоа“.

„Дипломатски тешкаш“

Најавената средба на Димитров и Коѕијас со преговарачот Нимиц ќе биде всушност првата рудна вистински преговори затоа што досега, како што велат владини извори, само се разменувале ставовите на двете земји за предлогот на посредникот Нимиц кој, во голема мерка е објавен во медиумите во Грција и Македонија. Но, доколку двете страни не успеат да постигнат согласност во овој идеален период, тогаш преговорите ќе продолжат и во април и мај, кога веројатно и ќе се знае дали е можно решение или оваа шанса изградена преку позитивна атмосфера и првични отстапки од двете страни, е дефинитивно пропуштена за на самитот на НАТО во јули да биде објавено дека Македонија по поминувањето на обврзувачките ратификации во земјите членки, и формално ќе стане дел од Алијансата.

„То вима“: Што содржи пакетот идеи на Нимиц за решение на спорот

Според истите извори, кај грчкиот премиер Ципрас постои волја за надминување на овој спор но сепак исходот на преговарачкиот процес е уште неизвесен и доколку биде заглавен во некоја од наредните фази не се исклучува можноста во него да биде вклучен дипломатски „тешкаш“ од ЕУ и САД кој ќе помогне да се дојде до конечното решение.

Во двете држави се прават обиди во целиот процес да биде вклучена опозицијата. Во Македонија, според нашите извори, ВМРО ДПМНЕ и претседателот Иванов имаат конструктивен однос кон процесот и постојат канали на комуникации во кои сите опозицијата е информирана за текот на процесот. Истите извори тврдат дека целиот процес се одвива во рамките на усогласените ставови од последната средба на лидерите на политичките партии и претседателот Иванов на која беше разгледан предлогот на медијаторот Метју Нимиц.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име