casovnik

Падна одлука во ЕУ за укинување на поместувањето на стрелките на часовникот

Членовите на Европскиот парламент донесоа одлука да и предложат на Европската комисија укинување на летното и зимското сметање на времето.

Досегашната пракса во ЕУ е два пати годишно часовникот, на пролет и есен, стрелките на часовникот да се померат за еден час.

Барање за укинување на померувањето на стрелките на часовникот двапати годишно, покренато е заради се повеќе докази за негативното влијание на оваа практика, а одлуката за упатување на барањето до Комисијата беше усвоена денес околу 12 часот.

Пратениците кои се залагаат за укинување на претходната пракса тврдат дека “истражувањата покажале дека една петтина од населението страда од здравствени проблеми поради промена на часови”.

Освен негативното влијание врз човечкиот биоритм, “поместувањето на стрелките на часовникот, исто така, доведоа до поголеми сообраќајни незгоди, повеќе семејни нарушувања и пад на продуктивноста на работното место”, беше истакнато претходно.

Исто така се додава дека “поместувањето на часот е воведено со цел заштеда на енергија, но оваа цел никогаш не била исполнета”, како и дека негативните ефекти од поместувањето на часовникот се регистрирани и во индустрискиот и во туристичкиот сектор.

Летното и зимското сметање на времето укинато е во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × six =