soros

Сорос и донирал пари на група која била против Брегзит

Американскиот милијардер Џорџ Сорос преку своите фондации и дал околу 450.000 евра на групата “Најдобро за Британија”, која се залага за одлагање на Брегзит.

“Фондациите на Џорџ Сорос, заедно со другите големи донатори, дадоа значаен придонес во нашата работа. Преку своите фондации даде 450.000 евра“,изјавил Марк Малок-Браун, претседател на групата” Најдоброто за Британија.

“Групата “Најдобро за Британија” се залага одлагање на Брегзит и повторно одржување на референдум за членство во Европската унија.

“Сметаме дека британскиот народ заслужува да донесе конечна одлука за договорот за Брегзит и веруваме дека државата е измамена. Ова е демократски и патриотски обид да ја вратиме нашата иднина и ја поздравуваме помошта од многуте кругови “, изјавил претседавачот.

Портпаролот на Сорос досега не го коментирал овие тврдења.

Извор:cdmù




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five + 7 =

%d bloggers like this: