Бегалци од Африка, кои во моментов се наоѓаат во Израел, одржаа протести во израелскиот главен град, Тел Авив, пренесе Агенцијата Анадолу (АА).

Бегалците, од кои повеќето се државјани на Руанда, Судан и Еритреја, одржаа протест пред зградата на амбасадата во Руанда откако израелските власти донесоа одлука за нивна депортација.

Насобраните носеле транспаренти, на кои пишувало : “Дали Црнците нешто му значат на Израел?”, “Стоп за расизамот” и “Црнец или белец, и јас сум човек!”

Според неодамнешната одлука на израелските власти, бегалците, главно од Еритреја, Руанда и Судан, кои нелегално влегле во Израел, ќе бидат депортирани.

Израелската влада им поставила ултиматум, нудејќи им можност да ја напуштат земјата до 1 април, во замена за 3500 долари и авионски билет или во спротивно ќе се соочат со неограничен притвор во таа земја.

Извор:Faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име