erdogan-afrin

На повидок можен судир на Турската и Сириската војска, Ердоган најави дека тргнува кон Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган до неодамна истакна дека турската армија, по завршувањето на пресметката  со курдските сили во Африн, ќе продолжи понатаму кон исток, поточно кон Манбиј каде што се наоѓаат американските сили. Но, денес тој претстави нов план или надградба на постоечкиот, посочувајќи дека турската армија по Африн ќе тргне кон Идлиб.

“Сакаме нашите сириски браќа и сестри да се вратат во својата земја, а сега после Африн истата работа сакаме да ја направиме и во Идлиб”, рекол Ердоган. Интересно е да се забележи дека неговата потенцијална промена во планот доаѓа веднаш откако американските воздушни сили во голема офанзива ги елиминираа, според нив, најмалку 100 сириски провладини борци во источниот дел на земјата. Дали е тоа истовремено порака до Ердоган да не тргнува кон Манбиј ? Би можело и така да се протолкува.

Понатаму, неговата изјава доаѓа во времето на уште активната офанзива на сириската армија која се бори против милитантите во областа на Идлиб. Ова би значело дека наскоро може да има директна конфронтација меѓу сириската и турската армија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + = 7

%d bloggers like this: