Eksplozija-bomba

САД со нападот врз Сириската војска играат на една карта-Голема војна со која ќе се урне Асад

Како што и известивме, неименуван американски официјален претставник на американската централна команда (ЦЕНТКОМ) објави дека американската антитерористичка коалиција во северна Сирија, јужно од Еуфрат во областа Кушам, извршила воздушни напади против контингентот на сириските сили и сојузничките милиции. Група на владини војници, кои биле околу 500 биле опремени со артилериски борбени возила и тенкови, наводно изгубиле 100 луѓе, а дел од техниката била уништена.

Уредник на канцеларијата на агенцијата АФП во Бејрут, Жан-Марк Мојон, ги цитира Курдските сили на СДФ и зборува за 20 мртви и неколку десетици повредени.

Американскиот ЦЕНТКОМ тврди дека нападот бил од  “одбранбен карактер” и одмазда за неодамнешниот напад на сириската армија врз командата на курдските сили кое е сместено во подрачјето на во гасоводоното поле Коноко, неколку километри северно од местото на наводниот напад.

Агенциите воглавном ја цитираат изјава на неименуван офицер кој дал изјава за медиумите, а потврда за губитоците во луѓе и техника меѓу сириските сили не е можно да се пронајде.

Сите информации што досега се објавени се неверодостојни а медиумите главно го цитираат американски офицер кој тврди дека овој напад бил “самоодбрана”.

Потсетуваме дека во оваа област се присутни сириски, руски и про-ирански сили, како и бројни доброволни и племенски милиции кои се борат на страната на сириската армија.

Иран само ја пренел агенциската вест агенциите и не го коментирал нападот. Член на Комитетот за одбрана на Советот на Руската Федерација, Франц Клинчевиќ, изјавил дека ударите што ги спровела американската коалиција на силите кои се борат на страната на Сириската армија представуваат агресија без преседан.

“Дејствата на меѓународната коалиција не се во согласност со меѓународниот или кој било друг закон, и не постои сомнеж дека ова е агресија”, рекол Франц Клинчевиќ за Интерфакс.

Тој, исто така, нагласил дека Американците не ја извршуваат својата работа во Сирија до оној степен што претходно ја најавија, додавајќи и дека “САД се незаконски присутни во Сирија, а американските експерти се вклучени во работата на разни сили, вклучувајќи ги и терористите”.

F18 - SirijaФОТО: Ф-18

Според воениот експерт Андреј Кошкин, американските  акции се обид Пентагон да се одмазди заради тоа што речиси немал никаква улога во ослободувањето на Сирија од терористите на исламската држава. Оваа работа ја извршија сириската армија, руските воздухопловни сили и провладините милитанти на теренот, кои Вашингтон не може да ги поднесе.

“Сега Соединетите Држави повторно се обидуваат по секоја цена да предизвикаат голема војна во Сирија, а целта е позната. Тоа е соборување на Башар ал Асад “, смета експертот.

“Да почнеме со политичката димензија. Кога американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше пред Конгресот, тој повторно истакнал дека САД со својата коалиција го поразиле ИСИЛ. Тој не ја спомнал Русија повторно, но тоа повеќе не изненадува. Но, главната поента на неговата порака беше: “Ние Американците работиме напорно во Сирија”. Овој дел е бит на геополитичкото значење на предстојот на САД во Сирија. Американците од Сирија не заминаа и нема. Како резултат на тоа, тие сега се фокусираат на одмазда, бидејќи не можам да прифатам дека Сирија и Русија го поразиле ИСИЛ “, изјавил Андреј Кошкин.

Според зборовите на воен експерт, Вашингтон нема да ги штеди силите и парите за да се одмазди.

“Соединетите Американски Држави активно развиваат воена технологија и политички изговори како би се одмаздиле. Прво, се кладат на Курдите, како најголема сила што треба да ја направат. Курдите се полни со амбиции, тие поминале низ битки, вооружени се и имаат намера да формираат автономен региони во Сирија. Соединетите држави се сложуваат со ова, заради што активно ги снабдуваат и финансираат Курдите, иако самите Курди веруваат дека САД ги искористуваат “, рекол експертот.

Но, Вашингтон мора да балансира меѓу Курдите и Турција, која не можат да дозволат создавање курдска енклава во близина на нејзините граници.

“И овде, на овој тенок мраз, сега тргнуваат американските стратези. Денес, САД се подготвени да ги поддржат и финансираат сите оние кои ќе пукаат во сириските владини сили. Целта на САД се уште е соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и ова е можно само ако се покренат нови големи воени операции против сириската влада. Американците многу се потпираат на акции и помалку локални воени конфликти со сириските владини трупи. Меѓутоа сега има десетици, можеби стотици сириски војници убиени во американски напад. Тоа не е само судир. Ова е сериозен удар за единиците на сириската влада. Слични операции американските трупи сега водат  во провинциите на Деир Ез-Зор и Идлиб. Значи, денес САД создаваат отскочна даска за одмазда и уривање на претседателот Башар ал Асад, и тоа го прават користејќи провокации на таканаречената опозиција која се противи на владините сили “, изјавил Андреј Кошкин.

Како што рековме, сириските сили што биле нападнати биле формирани од околу 500 војници, поддржани од артилеријата и друга воена опрема.

Москва во неколку наврати изјави дека американските уверувања дека американската војска во Сирија ги напаѓа исклучиво терористи е обична лага. Како што е наведено од руското Министерство за надворешни работи, обидите на Вашингтон да ги оправдаат ударите на владините сили се неприфатливи.

US Air ForceФОТО: Илустрација, американски воздухопловни сили

Рускиот амбасадор во Сирија, Александар Киншчак, не исклучува дека САД подготвуваат нова воена акција против сириската армија, само за да го поткопаат процесот на мирно решавање. Тој, исто така, објаснил дека тоа е забележливо во врска со активните разговори во Вашингтон за наводната употреба на хемиско оружје во Источна Гута и Идлиб од страна на владините сили.

“Со оглед на тажното искуство на Кан Шајкхун, не можеме да исклучиме дека на овој начин се подготвува нова воена акција против Сирија, бидејќи само ова може да го спречи целосниот пораз на терористите и загрози позитивниот напредок во процесот на политичко решавање на сирискиот конфликт”, додал Александар Киншак.

Да потсетиме дека пред овој напад, чии штети допрва треба да се потврдат, беше покрената лавина од обвиненија против Дамаск за наводно користење на хемиско оружје во Идлиб и Источна Гута, иако обвинувањата се неосновани, без аргументи и фотографии и нејасни снимки од “Белите шлемови “.

Сепак, Вашингтон во земјата и кај европјаните, ја постигна целта, бидејќи повторно се рљазбуркаа страстите заради  “употреба на хемиско оружје”, кое Западот го користи како  инструмент за притисок врз Дамаск.

Во секој случај, толкувањето на нападот кое го изнел рускиот експерт Андреј Кошкин се чини многу реално. Прво, САД и се одмаздува на Сирија, Русија и Иран, бидејќи тие во голема мера придонесоа за поразот на таканаречената “Исламска држава”, меѓутоаа примарна цел е да се започне голем конфликт против владините сили, бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне целта и соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад . Дури и ако тоа не се случи, со ваквите напади се засилуваат позициите на одредени милитантни групи во Сирија и оневозможува политичко решение за кризата во Сирија, со што САД добиваат на време во обидат да најдат начин како да го постигнат посакуваниот исход на Блискиот Исток

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two + = 7

%d bloggers like this: