zima-sneg

На САД му се заканува големо невреме, училиштата затворени, откажани летови

Заради големо невреме што се заканува да ги погоди централните делови на Северна Америка, предизвикувајќи големи снежни врнежи, во поедини подрачја затворени се училишта, а стотици летови се откажани.

Зимската бура се движи преку Големите езера, во горниот централноисточниот регион во Северна Америка, создавајќи во некои места Снежна покривка до 30 сантиметри, пренесува АП.

Националната метеоролошка служба издала предупредувања за временските непогоди, како и упатства за однесување во такви услови.

Денеска бури ги зафати Чикаго и Милвоки, со температури под нулата, а се протега од Монтана од Запад над Дакота и делови од Минесота, Висконсин и Илиноза до Мичиген на Далечниот Исток, објави Ројтерс.

Се проценува дека снежната покривка може да достигне до 36 сантиметри снег во некои области.

Во Чикаго ова утро, снежната покривка изнесувала околу 30 сантиметри, а според метеоролозите, врнежите се очекуваат за време на викендот.

“Градот е подготвен за ова. Сепак, немојте да бидете измамени, тоа се големи снежни врнежи, поголеми отколку што видовме многу зими”, изјавил градоначалникот на Чикаго на прес-конференцијата во четвртокот.

Градските власти објавија дека се затвараат училиштата во Чикаго, Детроит и Милвоки поради временските услови.

Се очекува дека температурата на мразот ќе се намали на 18 Целзиусови степени под нулата во многу делови од регионот, а официјални лица предупредуваат за слабата видливост на патиштата.

Аеродромите Охаре и Меѓународниот аеродром Мидвеј во Чикаго откажале како што потврдува британската агенција, повеќе од 200 летови во четвртокот пред невремето, а неколку авио компании, исто така, ги одложија или откажаа своите летови.

АП известува дека Amerikan, Junajted и Sautvest  ги предупредиле патниците да очекуваат дополнителни откажувања на летови во и од Минесота, Мичиген, Висконсин, Илиноис, Индијана и Охајо, објави Танјуг.

Во несреќи во текот на бури во САД оваа недела, погинале неколку луѓе на средниот Запад, вклучувајќи шест во Ајова, два во Мисури и една во Монтана

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − = 5

%d bloggers like this: