Rohinja

Ројтерс објави шокантни докази на убиства на Рохинја муслимани во Мијанмар

Новинската агенција Ројтерс синоќа објави шокантната приказна за убиството на 10 Рохинја, малцинско муслимански народ од Мјанмар, која новинари на ова агенција ги снимиле со врзани раце и клекнати на колена, а подоцна нивните тела биле пронајдени во масовна гробница.

Двајца новинари Wa Lone и Kyaw Soe  заради ова приказна (информација)  биле уапсени на крајот од минатата година од властите во Мијанмар и ги обвинија за непријателска шпионажа. Но, нивната шокантна приказна предизвика реакции низ целиот свет.

Во изминативе неколку месеци, властите во Мијанмар спроведуваат воена акција против малцинството муслиманско население, кое ОН го нарече етничко чистење и “геноцид”. Повеќе од 690.000 луѓе беа протерани, а илјадници убиени, стотици населени места запалени на до темел. Специјален извештај на Ројтерс предизвика реакција од официјален претставник на Вашингтон кој побара итна истрага за злосторства против цивили, главно млади мажи.rohingya-masakr-1

Злочинот се случил во местото Инн Дин, на 2 септември минатата година, кога прво биле врзани десетте Рохинја, а потоа до смрт биле претепани од будистички селани, додека другите биле убиени од војници. За тоа посведочиле  двајца луѓе кои кои ја ископале масовната гробница во која подоцна биле погребани.

- Додека ги затрпувавме, некои беа живи. Војниците неколкупати пукаа во нив - изјавил Сое Чај (55), кој сведочел за злосторството.

Во Текстот на уапсените новинари се потврдуваат изјави на будистите од Мјанмар кои признаваат дека ги палеле куќите на Рохија, убивале цивили во еден бранот насилства кој започна во август минатата година, а бегалците сѐ уште пристигнуваат во соседен Бангладеш.rohingya-masakr-2

Властите во Мијанмар тврдат дека тоа е “операција за чистење од бунтовниците”. Портпарол на владата, кога тој беше соочен со овој извештај, рекол дека “ниште не негираат иднапред Многу меѓународни претставници побараа итен прекин на насилствата и воените злосторства.

Извор:(Vijesti/ ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 7

%d bloggers like this: