izraelski-soboren avion

Израел започна со бомбардирање на Сирија заради соборениот израелски авион Ф-16

Израелската војска денес соопшти дека изведила нов “голем напад“, на 12 ирански и сириски цели во Сирија, откако сириските против-воздушни сили рано утринава денес своборија израелски авион од типот Ф-16.

Погодени биле против-авионските одбрамбени батерии и четири ирански цели , но не е наведено кои, туку само дека  “припаѓа на иранскиот воен апарат во Сирија”, се вели во воената изјава.

Ова е најнов напад во цела серија на прекугранични размени на оган што избувнаа кога рано утринава ирански дрон бил пресретнат над Израел.

Како одговор на оваа провокација, како што е наведено, Израел ги нападнал иранските цели во Сирија, објави агенцијата Бета.

Потоа, сирените денес по втор пат се огласија во северниот дел на Израел а сириската државна телевизија објави дека експлозиите избувнале во подрачјето на Дамаск, нарекувајќи го ова “нова израелска агресија”.

Израелската армија претходно соопшти дека по соборувањето на беспилотно летало,нападнала и ирански цели, каде што бил лансиран дронот.

Исто така, подоцна е објавено дека еден од израелските пилоти бил сериозно повреден кога сакал да излезе од неговиот авион Ф-16, кога се нашол на удар на сириските против воздушни сили. Другиот пилот се здобил со помали повреди.

Авионот паднал на северот на Израел, после силниот противвоздушен оган од Сирија.

Израелската армија изразила подготвеност за “различни сценарија” и, како што е наведено, “ќе продолжи да дејствува во согласност со проценките на ситуацијата”, објави Асошиетед прес.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − four =