turski helikopter

Соборен Турски воен хеликоптер во Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, соопшти дека во текот на операцијата во сириски Африн соборен е турски воен хеликоптер, пренесе весникот “Хуријет“.

Повикувајќи се на Сириските демократски сили, локалните медиуми исто така објавија дека турскиот воен хеликоптер соборен е во градот Раџо во областа Африн.

Според добиените информации, хеликоптерот е соборен над територијата на турската провинција Хатај, која се граничи со Сирија.

„Хуријет“ не наведува други детали за инцидентот, ама ги пренесува сборовите на турскиот лидер кој истакнал дека терористите “скапо ќе плата за тоа“.

Генералштабот на турската војска соопшти дека два војници загинале при уривањето на хеликоптерот во текот на операцијата “Малсинова гранка“.

Во соопштението понатаму се додава дека на местото на хеликоптерот пристигнала и комисија.

Официјален Дамаск силно ги осуди акциите на Турската војска во Африн, нагласувајќи дека тој е составен дел од Сирија.Москва во врска ситуацијата со Африн ги повика сите страни на воздржаност и почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Извор:РСА

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = two