iran-izrael

Израел: Иран и Сирија се “играат со оган“ ќе платат висока цена

Израелскиот воен портпарол Џонатан Конрикус денеска изјави дека Иран и Сирија “играат со оган”, заканувајќи се дека ќе платат висока цена, бидејќи иранскиот дрон утринава од Сирија полета во воздушниот простор на Израел.

Меѓутоа, Израел не се залага за ескалација, но е подготвен во секој случај по интензивирање на напнатоста.

“Ние не се стремиме кон ескалација, ама сме подготвени за секакви сценарија и мораме сако да наплатиме за такви дела”, рекол портпаролот, за агенцијата Франс прес.

Во израелските напади, гажани беа иранските и сириските цели откако хеликоптерот собори дрон.

Портпаролот изјавил дека беспилотното летало кое било соборено било “на воена мисија” и дека било “испратено и со него управувавале ирански воени сили”.

Конрикус додал дека како одговор на овој инцидент Израел ја уништи иранската позиција во централна Сирија, од каде што бил лансиран дронот.

Во израелските напади што уследија, беа нападнати уште четири ирански цели и осум сириски позиции.

Еден израелски авион се урна кој бил исложен под силен сириски оган од воздух.

Двајца пилоти катапултирале од авион кој падна во северниот дел на Израел.

Ова е засега најголемото мешање на Израел во Сирија од почетокот на граѓанската војна во таа земја.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им дал инструкции на министрите да не даваат изјави за настаните на северната граница, објавија израелските медиуми.

Нетанјаху свикал безбедносни консултации и ги одобрил потребните операции, а израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, се состана со началникот на Генералштабот и високи претставници на воените и безбедносните служби.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 7 = nine