iranska garda

Иран: Доколку Израел не се откаже од својот сон, ќе создадеме пекол за ционистичкиот режим

Заменик-командантот на иранската револуционерна гарда го предупреди израелскиот режим на пеколот кој Иран може да го создаде за ционистите, велејќи дека сите американски воени бази во регионот се во домет на иранските сили.

“Со започнувањето напади од нашата територија, иранските сили можат да ги уништат сите американски бази низ целиот регион”, изјавил во саботата иранскиот генерал Хосеин Салами.

“Иран може да создаде пекол за израелскиот ционистички режим”, додал генералот, препорачувајќи му на Тел Авив да се откаже од соништата за освојување територии од “реките до морето”, терминот кој Израел го користи кога зборува за заземање на територии од реката Јордан до Медитеранот.

Заменик-секретарот на Хезболах, шеикот Наим Касем, истакнал дека солидарноста и моќта на Либан ги одби сите израелски агресивни планови, истакнувајќи дека Оската на отпорот секогаш ќе се спротивстави на сите ционистички чекори насочени против Либан.

Говорејќи во текот на церемонијата на Хезболах, Шеик Наим Касем на неодамнешните израелски закани со напади на либанските поморски постројки за вадење на нафта во територијалните води на земјата одговорили дека тие го потврдуваат златната формула : Народ-армија-отпор!

Како што известивме, израелската окупациска армија вчера објави дека Иран и Сирија “се играат со оган”, ама истакнале дека Тел Авив не сака ескалација, откако Дамаск го собори израелскиот воен авион Ф-16, кој ги гаѓал сириските воени позиции.

Портпаролот на израелскиот режим, Џонатан Конрикус, на новинарите им изјавил дека Сиријците и Иранците “се играат со оган”, но додал дека режимот на еврејската држава “не сака да ја ескалира ситуацијата”.

“Ова е најтешкото кршење на суверенитетот на Израел во последниве години од страна на Иран”, рекол Џонатан Конрикус, мислејќи на влегувањето на иранското беспилотно летало во т.н. “израелски воздушен простор” над Сирија.

“Затоа нашиот одговор еднакво тежок”, додал Џонатан Конрикус.

Претходно во саботата сириската противвоздушна одбрана собори израелски Ф-16 кој спроведувал нова офанзива против Сирија во центарот на земјата, источно од Палмира, до базата Т-4 во која биле распоредени беспилотни летала за борба против “Исламската држава” и други терористи група.

Откако авион беше соборен, двајца израелски пилоти се катапултирале на територијата под израелска контрола, а еден од нив бил сериозно повреден, пренесуваат израелските медиуми.

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 9

%d bloggers like this: