non

МВР спроведува акција за наоѓање на двајца планинари на планината Ниџе

Во раните утрински часови Секторот за внатрешни работи Битола добил пријава дека на две лица-планинари, кои биле дел од група планинари од Република Македонија, им се губи трагaтa на планината Ниџе, потврдуваат од МВР за НОВА.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата.

Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, на двајца нивни членови, едно машко и едно женсо лице, им се губи трагата.

За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.

Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари биле лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.

За сега не е познато во каква состојба се планинарите.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = six

%d bloggers like this: