ruskiavion-saratov

(Видео) ОБНОВЕНО: Во урнатиот руски патнички авион нема преживеани

Недолго после полетување, се урна руски авион со 71 патник, кој летал од Москва кон градот Орск, потврдија властите и наведиле дека е отворена криминалистичка истрага а надлежни соопштиле дека во несреќата нема преживеани.
 
Во авионот имало 65 патници и 6 членови на екипажот.

Авионот се урнал во близина на селото Аргуново ( во близина на Москва), известено е од штабот за вонредни ситуации за агенцијата Интерфакс. На лице место пристигнал и министерот за сообраќај Максим Соколов.

Руската новинска агенција РТ пренесува дека спасувачите пристигнале во близина на местото на паѓање, и дека биле пронајдени две тела.

 

Потсетуваме, Авионот на компанијата Саратов Ерлајнс од радарите исчезнал откако полетал од аеродромот Домодедево во Москва. Поедини медиуми наведуваат дека контактот со радарската контрола бил “изгубен“ после две минути по полетувањето.

View image on Twitter



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 8 =