dzamija-belgrad

(Фото) После 100 години отворена џамија во центарот на Белград

Во центарот на Белград, поточно на булеварот на кралот Александар, вчера е отворена џамија, месџид каде ќе можат да уживаат сите верници, муслимани на просторот на Белград и околината.

Важноста на постоењето на таков објект е повеќекратна, а главната причина е што oд сега, после сто години, верниците ќе имаат место каде што, според д-р. Решад еф. Плојовиќ, може да се напојуваат со чиста и искрена вера.

На отворањето на нови простории присуствуваа претседателот на Исламската заедница на Исламската заедница во Србија, муфтијата д-р. Mевлуд еф. Дудиќ, директор на Медрезето Др. Решад еф. Плојовиќ, ФИС декан д-р. Енвер еф. Гичиќ, шеф на кабинетот на Реису-л-улем ИЗ во БиХ Рифат еф. Фетиќ, пратеници д-р. Муамер Зукорлиќ и др. Јахја Фехратовиќ, државен секретар Един Зеќировиќ и портпаролот на СПП Един Џерлек.

Преполните простории го оддаваат значењето на денешниот ден, кој претставува столб и носи многу јасна порака до муслиманите, но исто така и на сите граѓани во Белград и на територијата на цела Република Србија.

По отворањето, клањана била и првата џума намаз која ја предводел муфтијата Дудиќ.

Претседателот Мешихат истакнал дека после џума, отвараат нова страница во поглавјето на муслиманите во Србија. “По повеќе од сто години, Семоќниот Аллах ни се смилува да бидеме прва генерација која во центарот на градот ќе претстојува во новата Божја куќа.

Се надеваме дека ова ќе биде отскочна даска за отворање на Исламскиот центар “.

Првата џума намаз со хутба на босански јазик клањана била во 12 часот, а втората, џума  со хутба на арапски јазик била извршена во 13 часот.

Новоотворената џамија има книжара и библиотека.

Др. Дудиќ истакнал: “Овде, во овој Џемаат, во седиштето на Исламската заедница, во седиште на Мешихатот верниците ќе се одморат покрај Аллаховата книга. Ова место ќе биде место на единство, а никако на раздвојување. Ние овие простории свечено ги предаваме во користење на верниците. ”

Др. Муамер Зукорлиќ порачал дека ова место ќе биде отворено, слободно за сите припадници на исламот, дека ќе представува куќа на сите обединети муслимани на едно место.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 1