Владимир Јовановски, искусен скијач, кој во декември минатата година избегна лавина на Шапка, предупредува дека ситуацијата на одредени места каде што најчесто се упатуваат скијачите е опасна и можноста од лавини е загрижувачка.

Со цел, како што вели Јовановски, да се превенираат слични инциденти како неговиот, тој го испрати видеото од неговото соочување со лавина на местото познато како Амфитеатар, кое и денес го посетуваат скијачите кои рекреативно скијаат на врвот Церипашина.

„Тогаш беше многу блиску. За малку промашив карпи и дрвја. Лавината ќе ме покриеше ама имав среќа“, раскажува Јовановски.

Јовановски потенцира дека денес кога повторно го посетил местото имало многу снег.

„Од кога бев во декември, денес забележав дека има исто толку многу снег на ова место познато како „Амфитеатар“. Освен што е наврнат таму ветрот го натрупува и издуваниот снег, стрмно е и малку фали да се создаде лавина како на видеото. А многу скијачи поминуваат од ова место, мора да се внимава“, предупредува Владимир.

Според проценките, годишно по 150 луѓе се жртви на лавина.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име