vucic zagreb

(Видео) Српскиот претседател во Загреб: “Александре Вучиќ, не си добредојден во Хрватска“

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во официјална посета на Хрватска, каде ќе се сретне со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

На Вучиќ свечен дочек му бил приреден во 10:30 часот пред канцеларијата на претседателката на Пантовачка, а во 10:45 ја започнал средбата со Грабар-Китаровиќ “лице во лице“.

Во соопштението на Канцеларијата на претседателката се наведува дека состанокот на двата претседатели ќе трае еден час, каде подоцна после завршувањето ќе започнат билатералните разговори на представниците на Србија и Хрватска.

По повод доаѓањето на Вучиќ на Хрватска во Загреб организирани се протести на воени ветерани и граѓани од каде било порачано: “Александре Вучиќ не си добре дојден во Загреб“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = two

%d bloggers like this: